Author: saso

Денеска во Дамам, Саудиска Арабија почнуваат дуелите од осминафиналето на светското клупско превенство во ракомет, популарниот турни Супер Глоуб. По 12 години одржување во Доха, Катар, турнирот се пресели во С. Арабија, а годинава нашиот и европскиот шампион Вардар ќе атакува на престижниот трофеј. „Црвено-црните“ се слободни во 1.коло и својот ривал го чекаат во четврфиналето од денешната средба меѓу екипата на Мудхар (С. Арабија) и Њујорк Сити (САД). Покрај овој дуел, денеска во квалификациската фаза ќе се одигра и дуелот меѓу екипите на Сиднеј универзитет и Кил, а победникот од овој меч оди на двобој со Замалек во четвртфиналето.…

Read More

Првиот ден на УС Опен мина во знакот на настапите на Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер. Двајцата фаворити веќе обезбедија пласман во 2. Коло откако стигнаа до планираните победи. Србинот во три сета го совлада Карбаљес Баена од Шпанија (6-4, 6-1, 6-4), додека Федерер му препушти еден сет на Индиецот Сумит Нагал во меч кој го затвори првиот ден на Грен Слем турнирот. Во второто коло во Њујорк се најде и Јапонецот Нишикори кој излезе како победник од мечот со Трунхелити откако Аргентинецот се откажа при вториот сет. Вавринка и Чориќ со помали проблеми се справија со противниците, додека убедлив…

Read More

Играчот од средниот ред Реал Мадрид, Хамес Родригез, се повреди на натпреварот од второто коло во Ла Лига против Ваљадолид, па според лекарите, ќе мора да паузира најмалку 3 недели. Тој има оштетување на мускул, кој мора да се третира најмалку дваесетина дена. Последните две сезони, 28-годишниот Родригез ги мина на позајмица во Баерн, кадеодигра вкупно 67 натпревари и постигна 15 голови на сите турнири. Летово се шпекулираше за негово заминување од Реал со постојан договор, но Колумбиецот сепак остана во составот на Зидан.

Read More

Интер синоќа имаше одличен старт на сезоната во Серија А откако со убедливи 4-0 го победи Лече. Одлично деби во дресот на новиот клуб имаше Белгијанецот Лукаку, кој постигна и еден од четирите гола за „нероаѕурите“. „Ромелу Лукаку покажа зошто толку напорно се обидувавме да го купиме. Да не заборавиме дека Лукаку чини 65 милиони евра кои ќе бидат плаќани во текот на пет години, па кога луѓето зборуваат за пари треба да знаат дека тој не е толку скап“, изјави по средбата тренерот на Интер, Конте.

Read More

Играчот од средниот ред на Шахтјор, Тајсон може да се пресели во Рома. Според италијанските весници, преговорите во моментов се прекинати, бидејќи клубот од Доњецк барал 30 милиони евра за 31-годишен фудбалер. Овој износ е неприфатлив за италијанскиот клуб, а доколку украинската страна ги намали своите барања, преговорите може да продолжат. Тајсон е дел од Шахтјор од јануари 2013 година. Досега тој постигна 44 голови на 243 натпревари за украинскиот тим. Рома во моментов е предводена од Пауло Фонсека, кој претходно го предводеше Шахтјор и работеше со Тајсон, па стратегот одлично ги познава неговите квалитети.

Read More

Со натпреварот меѓу Вардар и Работнички, денеска стартува 3. коло од ПМФЛ. Станува збор за 68. соседско дерби кое започнува во 17 часот. Вардар имa задача во третиот настап сезонава да дојде до првата победа, за Работнички пак најважно е да не загуби. Традицијата е на страната на вардарци, кои на изминатите 67 дуели имаат 29 победи, 15 пати се играло реми а Работнички има 23 триумфи. Гол разликата е 86:73 за Вардар. Вардар е домаќин, што и не е предност ако се знае какви се исходите на последните пет-шест натпревари. Останатите средби од 3. коло се играат утре.

Read More

Со мечот меѓу Парма и Јувентус, попладнево стартува новата сезона во италијанската Серија А лига. Шампионот Јувентус, новата сезона во Серија А ќе ја отвори на „Енио Тардини“ без новиот тренер, Маурицио Сари. Поради проблеми со пневмонија Сари веќе пропуштил неколку тренинзи на Јувентус. Од таборот на торинскиот клуб соопштија дека тој нема да ја води екипата во првите две кола од новата сезона во Серија А. Така, освен гостувањето кај Парма, Јувентус ќе биде без својот тренер и на дуелот против Наполи во второто коло. Денеска во првото коло во вечерниот термин ќе го гледаме и дуелот меѓу Фиорентина…

Read More

По 13 години, кошаркарската репрезентација на САД доживеа пораз.  На вториот подготвителен меч пред СП во Кина, Американците загубија во Мелбурн од селекцијата на Австралија со 98-94. Пред два дена Американците славеа со 16 разлика против Австралија, а утринава двете репрезентации го одиграа вториот пријателски меч во кој „кенгурите“ ја потврдија формата но и кандидатскиот статус за највисок пласман на Мундобаскетот. Австралија до победа ја водеше Пети Милс, кој постигна 30 поени. Кај Американците најдобри беа Кемба Вокер со 22 постигнати поени и Харисон Барнс со 20 поени.

Read More

Играчот од средниот ред на Лестер, Адриен Силва ќе игра како позајмен во Монако во новата сезона. Веста ја потврдија и двата клуба. 30-годишниот репрезентативец на Португалија, кој им се придружи на „Лисиците“ од Спортинг Лисабон, помина половина од сезоната како позајмен во Монако за кого одигра 15 натпревари, а сега ја продолжи позајмицата за уште една сезона. Силва е уште еден фудбалер кој го напушта Лестер Сити. Португалскиот репрезентативец си замина веднаш по заминувањето на Слимани, кој исто така ќе игра за Монако.

Read More
NBA

Двајт Хауард повторно ќе игра во ЛА Лејкерс. Центарот се согласи да потпише загарантиран договор со „езерџиите“, кои бараа нов кошаркар по повредата на Демаркус Казинс. Хауард стана слободен агент откако беше ослободен од Мемфис и доби јасна порака дека ако лошо влијае на тимот, веднаш ќе биде исфрлен. Лејкерси имаат право да го ослободат до 7 јануари 2020 година, без да му платат отштета. Хауард (33) оствари специјална средба со раководството на Лејкерс, тренерите и идните соиграчи, на кои тој најави дека го достигна дното и е подготвен да помогне со се што може на паркетот, без да предизвика…

Read More