Играчот од средниот ред на Лестер, Адриен Силва ќе игра како позајмен во Монако во новата сезона. Веста ја потврдија и двата клуба.
30-годишниот репрезентативец на Португалија, кој им се придружи на „Лисиците“ од Спортинг Лисабон, помина половина од сезоната како позајмен во Монако за кого одигра 15 натпревари, а сега ја продолжи позајмицата за уште една сезона.
Силва е уште еден фудбалер кој го напушта Лестер Сити. Португалскиот репрезентативец си замина веднаш по заминувањето на Слимани, кој исто така ќе игра за Монако.