Светскиот тениски рекет број еден, Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати откако со 2:0 го победи францускиот тенисер Лука Пуј, но остана загрижен поради повредата на лактот. За потсетување, поради оваа повреда, српскиот тенисер мораше да одмара околу шест месеци. „Не знам што е конкретно, ќе видиме, се надевам дека ќе биде добро. Бев вкочанет, малку затегнат, посебно на сервис, но успеав да го завршам мечот, што е одлично, но болката е тука. Се надевам дека до утре ќе исчезне“, порача Ѓоковиќ.
Author: saso
Филипе Кутињо е пред вратите на „Алијанц Арена“ во Минхен. Директорот на Каталонците, Гиљермо Амор, вчера изјави дека клубот постигнал принципиелен договор со Баерн Минхен, а поранешниот играч на Ливерпул ќе замине на позајмица во Германија со право на откуп. Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде откри дека офанзивниот играч од средниот ред самиот посакал да игра за Баерн Минхен оваа сезона. Како што е познато, вчера „кариоката“ изненадувачки не беше во тимот за гостувањето кај Атлетик (Б), со што смо стана јасно дека Бразилецот си оди од Барселона. Како што е познато, Кутињо беше купен во јануари 2018 година од…
Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез се здоби со повреда на десната нога на отворањето на новата сезона. Уругваецот се повреди уште во првиот дел на гостувањето кај Атлетик Билбао, каде каталонците беа поразени со1-0. Суарез му се придружува на Лионел Меси во „амбулантата“ на Барселона, а денеска се очекува потврда на тежината на повредата и отсуството кое следува.
Кризата со голманите во Ливерпул продолжува да се продлабочува. Откако Алисон Бекер се повреди во првото коло во Премиер лигата и ќе биде надвор од терените неколку недели, сега бизарно се повреди неговиот заменик Адриан. Менаџерот на Ливерпул откри дека глуждот на Шпанецот е отечен откако навивач кој упаднал на теренот во Истанбул за време на прославата на титулата во Супер Купот на УЕФА го нагазил на зглобот. „Еден од навивачите скокнал на него, се лизнал и му стапнал на глуждот. Тој сега е отечен, и ќе мора да чекаме“, вели Клоп во пресрет на мечот. Инцидентот се случил кога…
Екипата на МЗТ Скопје Аеродром денеска потврди дека за новата сезона ќе има уште две нови засилувања. Американецот Џабари Хиндс (27 год, 181 см) и Хрватот Марин Морнар (26 год, 205 см), потпишаа едногодишни договори со нашиот шампион. Станува збор за кошаркари со повеќе од солидно европско искуство, од кои се очекува да бидат од голема помош во обидот да се дојде до зацртаните цели, а тоа е одбрана на титулата, враќање на куп-пехарот и борба за врвот од табелата во АБА2-лигата. Хиндс, кој игра на двете бековски позиции, доаѓа со епитетот најдобар стрелец во Полска со просечна реализација од…
Со доаѓањето на рускиот тим Спартак на местото на Татабања во СЕХА лигата, стигна и промена на групите во ова регионално ракометно натпреварување. СЕХА Гаспром лигата објави дека има промена во групите за стартот на сезоната 2019/2020. Рускиот тим оди во групата „Б“ каде се наоѓа нашиот втор преставник Еурофарм Работник, додека во конкуренцијата на Вардар се сели дебитантот во ова натпреварување, Пекинг. ГРУПА А Вардар Нексе Татран Прешов Војводина Мотор Запорожје Пекинг Спорт Универзитет ГРУПА Б ППД Загреб Мешков Брест Еурофарм Работник Металопластика Веспрем Спартак
Македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски ќе потпише нов договор со екипата на Рајо Ваљекано, тврдат шпанските весници. Според најавата на весникот „Марка“, Димитриевски треба да стави параф на нов договор со Рајо до 2023 година. Интерес за македонскиот чувар на мрежата летово покажаа Севилја, Валенсија и Бетис, се шпекулираше и со понуди од Мајорка и од Еспањол, но раководството на Рајо Валјекано успеа да го убеди Димитриевски и во наредниот период да настапува за овој мадридски клуб.
Шкотскиот шампион Селтик ќе се обиде да доведе двајца играчи од Премиер лигата на Англија до крајот на трансфер периодот. Главна цел на менаџерот Нил Ленон е голманот Фрејзер Форстер од екипата на Саутемптон, кој не е во плановите на менаџерот на „светците“, па може да биде замена за повредениот голман на „келтите“, Скот Бејн. Форстер веќе беше голман на Селтик во 2010 година. Освен кон Форстер, Селтик има интерес и кон офанзивениот играч за врска на Бурнемаут, Џордан Ајб. Поранешниот фудбалер на Ливерпул е непотребен за тренерот на Бурнемаут и би можел на едногодишна позајмица во Шкотска.
Манчестер Јунајтед летово, очигледно, нема да најде купувач за напаѓачот Алексис Санчез, кој откако се пресели во таборот на „црвените ѓаволи“, е тотално промашување. Една од причините зошто и натаму трансферот е неизводлив е неговата огромна плата. Според „Дејли меил“, покрај основната плата од 300.000 фунти неделно, чилеанскиот играч има и други приходи. Уште 100.000 фунти секоја недела добива од имиџ правата, а покрај тоа, има право на 5 милиони фунти секоја сезона ако се појави 30 пати во стартната постава.
Баерн Минхен сè уште не се откажал од идејата за враќање на напаѓач на Јувентус , Марио Манџукиќ во своите редови. Агентот на фудбалерот ја презел задачата да го врати хрватскиот голгетер во Баварија. Откако го договори доаѓањето на Перишиќ во Баерн, истиот менаџер сега сериозно се ангажира да го врати Манџукиќ во старата средина. Германскиот шампион е подготвен да му понуди на 33-годишниот Манџукиќ двегодишен договор и плата од 5 милиони евра по сезона. Во моментов, главна пречка за трансферот останува цената од 15 милиони евра, која Јувентус ја бара за него. Доколку се постигне договор, Хрватот ќе се…
