Со доаѓањето на рускиот тим Спартак на местото на Татабања во СЕХА лигата, стигна и промена на групите во ова регионално ракометно натпреварување. СЕХА Гаспром лигата објави дека има промена во групите за стартот на сезоната 2019/2020.
Рускиот тим оди во групата „Б“ каде се наоѓа нашиот втор преставник Еурофарм Работник, додека во конкуренцијата на Вардар се сели дебитантот во ова натпреварување, Пекинг.
ГРУПА А
Вардар
Нексе
Татран Прешов
Војводина
Мотор Запорожје
Пекинг Спорт Универзитет
ГРУПА Б
ППД Загреб
Мешков Брест
Еурофарм Работник
Металопластика
Веспрем
Спартак