Кризата со голманите во Ливерпул продолжува да се продлабочува. Откако Алисон Бекер се повреди во првото коло во Премиер лигата и ќе биде надвор од терените неколку недели, сега бизарно се повреди неговиот заменик Адриан.
Менаџерот на Ливерпул откри дека глуждот на Шпанецот е отечен откако навивач кој упаднал на теренот во Истанбул за време на прославата на титулата во Супер Купот на УЕФА го нагазил на зглобот.
„Еден од навивачите скокнал на него, се лизнал и му стапнал на глуждот. Тој сега е отечен, и ќе мора да чекаме“, вели Клоп во пресрет на мечот.
Инцидентот се случил кога фудбалерите на Ливерпул се собраа заедно славејќи го одбранетиот пенал на Адриан и освоениот пехар.