Монако може сензационално да го доведе во своите редови избрканиот голгетер од екипата на Интер, Мауро Икарди. Според последните информации, Французите понудиле 65 милиони евра, плус бонуси за напаѓачот, а исто така му понудиле на фудбалерот солидна плата од 12 милиони евра по сезона. Во пракса, во наредните денови, ќе се види кој ќе ја добие битката за стрелецот, бидејќи Наполи исто така покажува сериозен интерес за него. Проблемот со Икарди, сепак, излегува дека е неговата поубава половина Ванда Нара, која беше коренот на скандалот меѓу голгетерот и големиот Интер.
Author: saso
По вчерашното пристигнување во баварија на лекарски прегледи, утрово Баерн (М) и официјално го потпиша договорот со бразилскиот офанцивен играч за врска, Филипе Кутињо. Довчерашниот фудбалер на Барселона се сели на позајмица во редовите на германскиот шампион на една година, и се очекува да биде клучното засилување за баварците оваа сезона. На преставувањето беше потврдено дека Кутињо ќе го добие дресот со број 10.
Поранешниот фудбалер на Манчестер Сити и Ливерпул, Марио Балотели од синоќа и официјално е нов фудбалер на италијанска Бреша. Повратникот во Серија А ја искористи шансата откако Балотели не успеа да се договори со бразилски Фламенго и успеа да го донесе во својот тим. Лошото момче на италијанскиот фудбал се раздели со Олимпик Марсеј во јуни и како слободен агент потпиша договор на 3 сезони со новиот италијански прволигаш. 29-годишниот напаѓач ја одби понудата од Фламенго, бидејќи сака да се бори за место во репрезентацијата на Италија за Еуро 2020.
Јувентус се уште не завршил со нови засилувања за ова лето. Според француски „Л’Екип“, италијанскиот шампион се распрашува за напаѓачот на Лион, Муса Дембеле. Италијанскиот клуб изминатите неколку месеци внимателно ги следи настапите на Французинот, а скаути на тимот биле и на дуелот меѓу Лион и Анжер кој „лавовите“ го добија со 6:0. На овој натпревар Муса постигна два гола. Засега нема информација дали од редовите на италијанскиот хегемон дошла првата понуда за Дембеле или тоа ќе се случи наскоро.
Македонскиот боксер Ардијан Аземи освои златен медал во категоријата +80 килограми на Националниот Куп во Врбас во кадетска конкуренција. Тој во финалето го победи боксерот од Индија, Вишал Гупта. Ајхан Озмен во финалето во категоријата до 66 килограми загуби од Султан Бабаханов од Казахстан кој е првак на Азија. Претходно, Илхан Озмен освои бронза на меѓународниот турнир во Врбас од А категорија. Македонија на овој турнир беше претставена и кај судиите, Стефан Цубалевски беше наш судија на овој престижен турнир во Србија.
Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, повторно одговори на прашањата на новинарите за иднината на играчот од средниот ред, Пол Погба. „Печатот постојано ми поставува прашања за Пол, нели? Но, воопшто не сум загрижен за ова. Мислам дека тој ќе остане со нас. Некои зборови се извлечени од контекст и тоа не ми се допаѓа. Не гледам ништо чудно во неговото однесување надвор и на теренот. Тој е наш играч, тука е со нас, и нормално е да очекувам да остане“, потврдил Норвежанецот.
Напаѓачот на Барселона, Лионел Меси целосно се опорави од повредата на и денеска се враќа на тренинг. Процесот на закрепнување го принуди Аргентинецот да ја пропушти предсезонската турнеја а во САД и натпреварот од првото коло од шампионатот на Шпанија со Атлетик Билбао (0:1). Најавите велат дека Валверде ќе може да смета на него за дуелот со Бетис во 2. коло од Ла Лига, но за барса нов проблем стана повредата на Луис Суарез, кој ќе отсуствува најмалку еден месец од терените.
Македонските кадетски репрезентативци , браќата Илхан и Ајхан Озмен победија на денешните борби на Националниот Куп во Врбас 2019 и обезбедија полуфинале. Илхан Озмен во категоријата до 60 кг го победи Ференц Саму од Унгарија кој освои бронза на последното Европско првенство. Во полуфиналето противник на Илхан Озмен е репрезентативецот на Русија, Максим Шумов. Ајхан Озмен во категоријата до 66кг славеше победа над Дарко Мрдовиќ од Црна Гора. Противник на Ајхан Озмен во утрешното полуфинале ќе биде боксерот од Романија, Себастијан Трандафир. Нашиот претставник во категоријата +80кг, Адријан Аземи утре ќе ги врксти ракавиците со Алија Месиќ од БИХ, борба…
Босанскиот голгетер Един Џеко го продолжи договорот со Рома до летото 2022 година. Ова официјално го соопшти италијанскиот фудбалски клуб. 33-годишниот босански репрезентативец кој е дел од „волчицата“ од 2015 година, досега на 179 одиграни средби за римскиот тим запиша 87 гола и 38 асистенции. Интерес за напаѓачот имаше од Интер, кој беше подготвен да плати 18 милиони евра за да го привлече, но Рома ја осуети нивната намера.
На повредите на кошаркарите пред почетокот на светското првенство им нема крај. Најновата доаѓа од таборот на Србија. Имено, српскиот селектор Александар Ѓорѓевиќ потврди дека се соочува со уште еден проблем во пресрет на СП во Кина откако Драган Милосављевиќ заработи повреда на пријателскиот меч со Турција. Последните информации велат дека повредата не е нималку наивна, а со оглед на фактот дека Мундијалот почнува за 15 дена, шансите за настап на борбениот бек се сведени на теорија. Ова ќе значи уште поголемо ослабување на бековската линија на Србија, откако претходно незгодна повреда заработи и Милош Теодосиќ.
