Монако може сензационално да го доведе во своите редови избрканиот голгетер од екипата на Интер, Мауро Икарди.
Според последните информации, Французите понудиле 65 милиони евра, плус бонуси за напаѓачот, а исто така му понудиле на фудбалерот солидна плата од 12 милиони евра по сезона.
Во пракса, во наредните денови, ќе се види кој ќе ја добие битката за стрелецот, бидејќи Наполи исто така покажува сериозен интерес за него.
Проблемот со Икарди, сепак, излегува дека е неговата поубава половина Ванда Нара, која беше коренот на скандалот меѓу голгетерот и големиот Интер.