Босанскиот голгетер Един Џеко го продолжи договорот со Рома до летото 2022 година. Ова официјално го соопшти италијанскиот фудбалски клуб.
33-годишниот босански репрезентативец кој е дел од „волчицата“ од 2015 година, досега на 179 одиграни средби за римскиот тим запиша 87 гола и 38 асистенции. Интерес за напаѓачот имаше од Интер, кој беше подготвен да плати 18 милиони евра за да го привлече, но Рома ја осуети нивната намера.