Бранителот на титулата на Мастерсот во Синсинати, Србинот Новак Ѓоковиќ се пласираше во четврфиналето на турнирот кој се игра за награден фонд од 6 милиони долари. Првиот рекет по точно 90 минути победи против 53. на АТП листата, Шпанецот Карењо Буста со 6:3 и 6:4 и обезбеди место во групата на осум тенисери кои продолжуваат да се борат за трофејот. Ова беше трет меѓусебен дуел и трета победа на српскиот тенисер. Претходно, Ѓоковиќ славеше над Буста и во 2014 и 2017 година.
Author: saso
Македонската ракометна репрезентација до 19 години со победа над Аргентина ги заврши настапите на Светското првенство во Скопје. Попладнево избраниците на Данило Брестовац ја совладаа селекцијата на Аргентина со 29:26 и на крајот го освоија 13. место. Младите македонски ракометари без притисок одиграа подобар меч од одној првиот против Аргентина кој го загубивме на стартот на првенството. Симоноски со девет голови беше прогласен за играч на мечот, Младеновиќ даде шест.
По повод одржувањето на 16-то ФАИ Светско првенство во параглајдерство, на кое домаќин ќе биде градот Крушево и Пелагонискиот регион, денеска на прес-конференција во Агенцијата за млади и спорт беа споделени и дел од деталите за настанот. На прес-конференција свое обраќање имаше директорот на АМС, Дарко Каевски, претседателот на Воздухопловната федерација на С.Македонија, Владимир Бараковски и градоначалникот на Крушево, Томислав Христовски. „Агенцијата за млади и спорт во соработка со Воздухопловна федерација и Општина Крушево во изминатиов период беа организатори на повеќе меѓународни натпревари во параглајдерство, што условија и добивање на организација на натпревар во параглајдерство од светски размери“, истакна директорот…
Поранешниот селектор на италијанската репрезентација Роберто Донадони е поставен за нов тренер на кинескиот Шенжен, клуб кој се бори за опстанок во кинеската Суперлига. 55-годишниот Донадони го наследи Хуан Рамон Лопез Каро, кој го предводеше тимот до промоција во елитата. Сепак, Шенжен остана во зоната за испаѓање долго време по почетокот на локалното првенство и од оваа причина, раководството на тимот реши да го ослободи Шпанецот. Шенжен е претпоследен во кинескиот шампионат и нема победа на 12 последователни натпревари.
Рускиот шампион, Зенит се бори со Борусија Дортмунд за потписот на напаѓачот на Барселона, Малком. Според руските медиуми, Зенит понудил сума од 40 милиони евра за 22-годишниот играч. Износот ќе биде платен во рок од 3 години, а годишната плата на играчот ќе биде 3,8 милиони евра. Главниот ривал е Борусија Дортмунд. Самиот играч сака да го напушти шпанскиот клуб ова лето, а Барса нема против да го продаде. Минатата сезона, Малком забележа 15 натпревари со тимот на Барселона и забележа 1 гол.
Фудбалерите на Шкендија попладнево во Луксембург ќе го одиграат возвратниот меч од 2. коло во елиминациите на Лигата на Европа против екипата на Дуделанж. На првата средба пред 7 дена, Дуделанж изненади во Скопје и однесе победа од 2:1, па тетовци сега ќе мора да направат сличен резултат на гостински терен, ако сакаат да обезбедат место во следната квалификациска рунда. „Мислам дека нашето искуство треба да направи разлика. Видовме дека во Скопје демонстриравме добра игра, како и играчите на Дуделанж, ама резултатот игра клучна улога во овие натпреварувања и сега мораме да дојдеме до тоа што го посакуваме. Ќе влеземе…
Рома на 11 август најави специјален пријателски натпревар против Реал Мадрид на стадионот „Олимпико“. Тоа всушност ќе биде премиера на новиот куп наречен „Мабел Грин Куп“ кој ќе се одржува секоја година во италијанската престолнина. „Во организација на Мабел Спортс, целта на овој натпревар е да се подигне свеста кај навивачите и да се промовира интересот за одржливост, заштита и долговечност на нашата планета“, велат организаторите. Приходите од настанот ќе одат токму во реализација на проекти за заштитата на планетата. Мечот ќе биде деби на „Олимпико“ за новиот тренер на Рома, Пауло Фонсека.
Фудбалерот на француски Лил, Николас Пепе, денеска попладне треба да пристигне во Лондон за да ги мине лекарските прегледи во екипата на Арсенал. 24-годишниот фудбалер на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска го договори трансферот во редовите на „топчиите“ само останува да ги мине формалностите за истиот да биде комплетиран. Претходно беше објавено дека Арсенал ќе му плати на Лил за Пепе 80 милиони евра. Арсенал го победи Наполи во трката за Пепе, кој имаше за 20 милиони евра помала понуда од оваа на Арсенал.
Интер синоќа доставил нов предлог договор за фудбалерот на Рома, Един Џеко. Информациите од Италија велат дека „нероаѕурите“ ја зголемиле својата првична понуда за Џеко на 13 милиони евра, плус 2 милиони во форма на бонуси. Рома и натаму одбива да го продаде Босанецот за оваа сума и сака да добие за најмалку 20 милиони евра. 33-годишниот Џеко е дел од Рома од 2015 година, но јасно беше по завршувањето на минатата сезона дека и тој сака да си замине од „волчицата“. Претходната понуда на Интер за Џеко изнесуваше 12 милиони евра.
Ливерпул може да го засили својот напад со уште едно име. Имено, Јирген Клоп и неговите соработници работат на трансфер на напаѓачот на Бордо, Франсоа Камано. Англискиот клуб нуди сума од 15 милиони евра за 23-годишниот репрезентативец на Гвинеја. Договорот може лесно да биде завршен, затоа што менаџер на Камано е истиот оној кој го донесе Мане во Ливерпул. Интерес за Камано има и од Торино и од Монако.
