Рома на 11 август најави специјален пријателски натпревар против Реал Мадрид на стадионот „Олимпико“. Тоа всушност ќе биде премиера на новиот куп наречен „Мабел Грин Куп“ кој ќе се одржува секоја година во италијанската престолнина.
„Во организација на Мабел Спортс, целта на овој натпревар е да се подигне свеста кај навивачите и да се промовира интересот за одржливост, заштита и долговечност на нашата планета“, велат организаторите.
Приходите од настанот ќе одат токму во реализација на проекти за заштитата на планетата.
Мечот ќе биде деби на „Олимпико“ за новиот тренер на Рома, Пауло Фонсека.