Рускиот шампион, Зенит се бори со Борусија Дортмунд за потписот на напаѓачот на Барселона, Малком.
Според руските медиуми, Зенит понудил сума од 40 милиони евра за 22-годишниот играч. Износот ќе биде платен во рок од 3 години, а годишната плата на играчот ќе биде 3,8 милиони евра.
Главниот ривал е Борусија Дортмунд. Самиот играч сака да го напушти шпанскиот клуб ова лето, а Барса нема против да го продаде.
Минатата сезона, Малком забележа 15 натпревари со тимот на Барселона и забележа 1 гол.