Барселона не преговара за продажба на крилото Малком во Борусија Дортмунд. Тоа е она што го потврдија вчера извори од клубот, по најавите дека Малком е еден од фудбалерите кои се на излезна врата од „Камп Ноу“. Вчера некои информации тврдеа дека Германците се многу близу до потпишување на договор со 22-годишниот Бразилец кој имаше тешка прва сезона во Шпанија. Со доаѓањето на Антоан Гризгман во составот, за Малком ќе биде уште потешко да се пробие во првиот тим. Меѓутоа, во оваа фаза, доаѓањето на Гризман не е директно поврзано со судбината на Малком. Клубот, исто така, потврди дека Борусија…
Author: saso
Претседателот на Интер, Стивен Жан, уверува дека клубот не ја променил својата позиција за Мауро Икарди. Кинезите беа категорични дека аргентинскиот фудбалер ќе биде продаден и во моментов се бара “најдобро решение” за него. 26-годишниот играч е непотребен по пристигнувањето на Антонио Конте како нов тренер на тимот. Во моментов, Икарди и Раџа Наинголан, тренираат одделно од главната група, додека Интер се обидува да ги пласира на пазарот.
Поранешниот дефанзивец на Фенербахче, Мартин Шкртел може да ја продолжи кариерата во Парма. 34-годишниот словачки интернационалец остана слободен агент од почетокот на јули, откако му истече договорот со турскиот клуб. Шкертел ги бранеше боите на Фенербахче во последните три години. Преговорите со парма се почнати веќе неколку недели, но досега нема информација за конкретен договор.
Бока Јуниорс доцна синоќа го потврди трансферот на поранешниот лидер на екипата на Рома, Даниеле де Роси. Тој иницира договор со тимот како слободен агент, а засега не се објавени делови од финансиската соработка. Де Роси вчера успешно ги мина лекарските прегледи во тимот, а за својот 36-ти роденден доби и прошетка и разгледување на легендарната „Бомбонера“. Официјалната презентација на новото засилување на Бока ќе биде во понеделник.
Македонската фудбалска репрезентација се искачи за 2 места до 71. место на најновата ФИФА листа објавена денеска. Ако се знае дека на минатото рангирање Македонија беше на 73. место, ова е прогрес и покрај тоа што немавме репрезентативни обврски. На врвот и натаму нема смена, Белгија е прва, но сега Бразил е втор а Франција падна на третата позиција.
Поранешниот возач на Формула 1, Герхард Бергер, апелира трката за Големата награда на Холандија да се вози на патеката во Асен, а не на онаа во Зандворт. Претходно, многу пилоти, вклучувајќи го и лидерот во генералниот пласман сезонава, Луис Хамилтон, зборуваа за тешкотиите на тесната патека во Зандворт. Бергер првпат ја посети патеката во Асен за време на трката на ДТМ минатата недела. „Бев импресиониран од патеката. Не разбирам зошто претставниците на Формула 1 не дојдоа во Асен. Ова е една од најдобрите патеки меѓу сите што ги видов во последно време. Овде е идеално за Ф1“, изјавил Бергер.
Раководството на Барселона планира да собере сума од 150 милиони евра од продажба на играчи ова лето. Клубот има намера да ги обезбеди овие средства преку продажба на Филипе Кутињо, Рафиња Алкантара и Малком. Не е исклучена можна разделба и со Иван Ракитиќ, Самуел Умити и Артуро Видал. Се верува дека трансферите на овие играчи ќе ги неутрализираат трошоците за купување на францускиот напаѓач Антоан Гризман и холандскиот играч од средниот ред Френки де Јонг.
Напаѓачот на Реал Мадрид, Марко Асенсио, се соочува со долга рехабилитација во период од девет месеци поради повредата на коленото. Според последните информации, на пријателскиот меч со Арсенал, тој ги повреди вкрстените лигаменти во коленото. Крилниот напаѓач постигна гол на тој меч со „топчиите“, но подоцна при еден дуел со Пјер Емерих-Обамајанг заработи тешка повреда. „По тестирањето на коленото на Марко Асенсио, му беше дијагностициран раскинат преден лигамент. Играчот ќе претрпи хируршка интервенција во следните неколку дена“, се вели во соопштението од Реал.
Дефанзивецот на Ливерпул, Натанел Клајн, ќе биде отсутен долго време од фудбалските терени поради повреда на вкрстените лигаменти во коленото. „Сите сме многу вознемирени за Клајн. Тој тренираше и многу добро играше, беше во одлична форма, но очигледно таквата повреда ќе бара многу време за рехабилитација. Тоа е тешко за секој играч“, изјави Клоп. Повредата на Клајн дојде на пријателскиот натпревар со Борусија Дортмунд и обично за целосно закрепнување ќе бидат потребни околу шест месеци.
Европскиот клупски шампион Ливерпул ја заврши мини-турнејата во САД без остварена победа. Во последниот меч одигран синоќа, „црвените“ ремизираа 2-2 со екипата на Спортинг од Лисабон. Претходно, момците на Јирген Клоп беа поразени со 3:2 од Борусија (Д), а загубија и од Севиљ со 2:1. Сега нивните подготовки ќе бидат насочени кон почетокот на новата сезона во англискиот фудбал.
