Барселона не преговара за продажба на крилото Малком во Борусија Дортмунд. Тоа е она што го потврдија вчера извори од клубот, по најавите дека Малком е еден од фудбалерите кои се на излезна врата од „Камп Ноу“.
Вчера некои информации тврдеа дека Германците се многу близу до потпишување на договор со 22-годишниот Бразилец кој имаше тешка прва сезона во Шпанија.
Со доаѓањето на Антоан Гризгман во составот, за Малком ќе биде уште потешко да се пробие во првиот тим. Меѓутоа, во оваа фаза, доаѓањето на Гризман не е директно поврзано со судбината на Малком. Клубот, исто така, потврди дека Борусија (Д) досега не испратила ниту една понуда за фудбалерот.

