Ули Хенсес нема да се кандидира за нов мандат како претседател на Баерн. Тој исто така ќе ја напушти функцијата претседател на надзорниот одбор на клубот. Самиот Хенес, засега не ги потврди гласините кои се шират во германските медиуми, но веројатноста вестите да се остварат е голема. Во интервју за „Кикер“ шефот на баварскиот тим рече дека ќе ја објави својата одлука на 29 август. „Додека не ги информирам другите колеги, нема ништо официјално”, изјавил Хенес. Германските медиуми веќе знаат и кој ќе биде неговиот наследник. Станува збор за Херберт Хајнер, поранешен извршен директор на Адидас.
Author: saso
Откако денеск и официјално го потпиша 5-годишниот договор со екипата на Наполи, нашиот репрезентативец Елиф Елмас, без тренинг, веднаш се најде во составот на Карло анчелоти за пријателскиот меч со Кремонезе. И не само што беше во составот, туку Елмас во 69. минута влезе во игра и го доигра дуелот кој заврши со резултат 3:3. ⏱ 90’ FULL TIME ⚽️ #NapoliCremonese 3-3 💙 #ForzaNapoliSempre pic.twitter.com/uM2QsEzvop — Official SSC Napoli (@sscnapoli) July 24, 2019
Гоце Седлоски повеќе не е тренер на босански Широки Бријег. Нашиот стратег си поднесе оставка од тренерската позиција и ќе се врати во Вардар, каде најверојатно ќе ја преземе улогат ана спортски директор. „Почитувани фудбалери, членови и навивачи на ФК Широки Бријег. Би сакал да Ви се заблагодарам од длабочината на моето срце за оваа преубава година која беше полна со возбудувања, радости, тага, напорна работа и што е најважно, исполнување на сите барања кои пред мене беа поставени од управата на клубот. Одлучив да ја напуштам оваа позиција на клубот по натпреварите со Каират, но за три дена почнуваше…
Попладнево на Националната Арена, фудбалерите на Шкендија го пречекуваат Дуделанж во првиот меч од 2. Коло во Лигата на Европа. Средбата тргнува од 17.55 часот, а како што најавуваат тетовските „црвено-црни“, на денешниот меч ќе бркаат позитивен резултат пред одигрувањето на реваншот една недела подоцна на теренот во Луксембург. Да потсетиме, победникот од овој двомеч во третото квалификациско коло на ЛЕ ќе ги одмери силите против елиминираниот од пресметката во 2. кваликациско коло на Лигата на шампионите меѓу Селтик и Номе Калју. Стенио Жуниор целосно се опорави и после настапот во второто полувреме против Номе Калју сега конкурира за првиот…
Фенербахче на својата официјална интернет страница синоќа и официјално го потврди заминувањето на Елиф Елмас. Со тоа и официјално се потврдива трансферот на нашиот млад фудбалер во екипата на Наполи. „Почитувани навивачи и поддржувачи. Сакаме да ве информираме дека постигнавме договор со Наполи за трансфер на играчот Елиф Елмас, со што се очекува официјалната промоција. Му благодариме на Елмас, и му посакуваме се најдобро во новиот клуб“, објави гигантот од Истанбул. Елиф Елмас синоќа пристигна во Неапол. Денеска се очекува официјалната промоција на Македонецот во италијанскиот тим.
Бетис официјално го објави трансферот на играчот од средниот ред на Лион, Набил Фекир. Тој потпиша договор со Севиља на пет години и овој трансфер е еден од најголемите кои Андалузијците ги имаат направено во последните децении. Засега се уште не се комплетно јасни сите финансиски параметри околу договорот. Сепак, според шпекулациите шпанскиот тим платил 24 милиони евра за да ги добие правата на Фекир. Интересот за фудбалерот беше голем, па освен Бетис во трката за него беа вклучени и Севиља, Валенсија и Милан.
Ајнтрахт (Ф) е заинтересиран да купи двајца играчи на Борусија Дортмунд. Според германските медиуми, составот кој беше вистински хит минатата сезона, сега се обидува да ги добие фудбалерот од средниот ред Себастијан Роде и напаѓачот Максимилијан Филип. 25-годишниот Филип не е вклучен во плановите на тренерот на Борусија (Д) Лусиен Фавр. Ајнтрахт во него гледа како на замена за Себастијан Алер, кој неодамна го напушти клубот и замина во Вест Хем за 40 милиони евра, што беше рекорд во историјата на лондонскиот клуб. Во моментов, цената на Филип е 18 милиони евра. 28-годишниот Роде играше за Ајнтрахт на позајмица во…
Бразилскиот дефанзивец Филипе Луис, кој до неодамна ги бранеше боите на Атлетико (М), потпиша договор со Фламенго како слободен агент. Според изворот, договорот со 33-годишниот фудбалер со бразилскиот гигант ќе биде до декември 2021 година. Пред неколку дена на стадионот “Ванда Метрополитано” се одржа проштална церемонија за играчот кој долги години помина во редовите на „јорганџиите“. Луис одигра 333 натпревари за Атлетико и постигна девет гола.
Раководството на Јувентус подготвува понуда за ПСЖ за трансфер на Нејмар. Според изворот, италијанскиот клуб е подготвен да го раззамени бразилскиот репрезентативец за играчот од средниот ред Блез Матуиди и напаѓачот Пауло Дибала, како и да доплати значителен износ. Претходно медиумите објавија дека Реал Мадрид понудил 90 милиони евра за Нејмар, а во размена е вклучен Герет Бејл.
Уругваецот од екипата на Милан, Диего Лаксалат кариерата може да ја продолжи во Русија во екипата на Зенит. Според руски извори, Лаксалат е интересен за италијанските клубови во Серија А, но Зенит им аподобра понуда. Росонерите не ја разгледуваат можноста за изнајмување на фудбалерот и сакаат само комплетна продажба. Зенит е подготвен да извади добра сума и трансферот би можел да биде завршен во многу скоро време.
