Фенербахче на својата официјална интернет страница синоќа и официјално го потврди заминувањето на Елиф Елмас. Со тоа и официјално се потврдива трансферот на нашиот млад фудбалер во екипата на Наполи.
„Почитувани навивачи и поддржувачи. Сакаме да ве информираме дека постигнавме договор со Наполи за трансфер на играчот Елиф Елмас, со што се очекува официјалната промоција. Му благодариме на Елмас, и му посакуваме се најдобро во новиот клуб“, објави гигантот од Истанбул.
Елиф Елмас синоќа пристигна во Неапол. Денеска се очекува официјалната промоција на Македонецот во италијанскиот тим.