Бетис официјално го објави трансферот на играчот од средниот ред на Лион, Набил Фекир. Тој потпиша договор со Севиља на пет години и овој трансфер е еден од најголемите кои Андалузијците ги имаат направено во последните децении.
Засега се уште не се комплетно јасни сите финансиски параметри околу договорот. Сепак, според шпекулациите шпанскиот тим платил 24 милиони евра за да ги добие правата на Фекир.
Интересот за фудбалерот беше голем, па освен Бетис во трката за него беа вклучени и Севиља, Валенсија и Милан.