Author: saso

Голманот Дамјан Шишковски од денеска е ново засилување за Работнички. По финската епизода, Шишковски се врати дома. Тој потпиша едногодишен договор со клубот, а од денеска му се става на располагање на тренерот Александар Влахо. Шишковски замина од Работнички во Лахти во зимскиот преоден рок во 2018 година, а изминатава сезона беше член на РоПС, за кој настапуваше и во квалификациите за Лигата на Европа. Откако завршија неговите обврски со финскиот клуб, сега комплетно е на располагање на тренерот Влахо. Денеска експедицијата замина на подготовки во Банско.

Read More

Енис Барди веќе извесно време е на „мета“ на Еспањол, а трансферот засега стои на почетна позиција. Леванте нема проблем да му дозволи да замине, но за нашиот интернационалец бара најмалу 15 милиони евра. Шпанските медиуми пишуваат дека моментно Еспањол не е подготвен да плати повеќе од 10 милиони за нашиот репрезентативец.

Read More

Филип Кузмановски го имаше деби настапот во дресот на Магдебург. Синоќа, македонскиот репрезентативец го одигра првиот пријателски натпревар во рамките на подготовките за новата сезона и славеше над Лајпциг со 14-13 и тоа благодарение на Кузмановски, кој постигна гол во последната секунда. Дуелот се одигра на отворено, трибините беа преполни, добро е познато дека ракометот е еден од омилените спортови на Германците.

Read More

Нема промена во ситуацијата со Гарет Бејл во Реал (М). Ова го изјави Зинедин Зидан на првата прес-конференција по почетокот на подготовките. Велшкиот интернационалец е ставен на трансфер листа, но засега тој не сака да си замине од клубот. Сé додека има договор за уште три сезони и огромна плата, тој вели дека сака да остане во Мадрид. „Нема проблем со Бејл. Никогаш нема да кажам дека еден играч е проблем за тимот. Сè може да се случи. Ќе видиме. Тој има договор со нас и нема промени од јуни“, изјави Зидан пред натпреварот со Баерн од Интернационалниот куп на…

Read More

Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, изјави дека Матијас Де Лихт ќе го направи своето неофицијално деби за клубот против Тотенхем. “Бјанконерите” во неделата во Сингапур ќе одиграат пријателски меч со Тотенхем и навивачите на Јуве со нетрпение чекаат да го видат новиот фудбалер во тимот. „Тој досега не тренирал со своитесоиграчи, но сигурно ќе биде дел од тимот. Треба да работиме за да го најдеме идентитетот во нашата игра. Ние ќе се обидеме да го претвориме тој идентитет во резултати“, истакнал Сари.

Read More

Дефанзивецот Итан Ампаду во следните неколку часа ќе го финализира трансферот од Челзи во Лајпциг. Синоќа, велшанецот бил на медицински прегледи во клубот на Бундеслигата, кој ќе го изнајми до крајот на сезоната 2019/2020. 18-годишниот фудбалер, кој има 8 натпревари за „сните“, не е приоритет на новиот менаџер Френк Лампард и не замина со тимот на турнејата во Јапонија. Лајпциг ќе се обиде да го искористи следнава сезона, со право да го откупи следниот јуни.

Read More

Италијанскиот шампион Јувентус подготвува офанзива за враќањето на Пол Погба од Манчестер Јунајтед. Според Кориере дело спорт, „бјанконерите“ се подготвени да понудат тројца фудбалери во замена за Французинот. Станува збор за Жоао Кансело, Блажен Матеј и Даглас Коста. Реал Мадрид е исто така заинтересиран за Погба, но засега нема индиции дека некој ќе ја плати бараната цена за Французинот. Останува да се види дали Јунајтед е подготвен за некаква размена.

Read More

Триесет и две репрезентации од Европа ќе се натпреваруваат во квалификациите за Европското првенство кое ќе се одигра во 2021 година, во Чешка, Грузија, Германија и во Италија. Првиот квалификациски прозорец е предвиден да се одигра во февруари 2020 година, вториот во ноември истата година, а последниот прозорец во февруари 2021 година. Осум групи ќе бидат составени од по четири тимови. Системот налага да секоја репрезентација одигра натпревар против сите противници во групата, на домашен и на гостински терен. Првите три тима од секоја група, со исклучок на организаторите, ќе се квалификуваат на Евробаскет 2021. Од групите каде ќе бидат сместени…

Read More

Напаѓачот на француски Лил, Рафаел Леао, е многу близу до трансфер во Валенсија. Како што објави весникот Л’Екип, Шпанците за него веќе имаат одлична понуда од 35 милиони евра плус 5 милиони во форма на бонуси. Според изворот, клубовите веќе се согласиле за трансфер на 20-годишниот фудбалер и само некои детали од договорот треба да се решат. Леао се пресели во Лил од португалски Спортинг минатото лето.

Read More

Турски Галатасарај го ангажираше фудбалерот на Фулам, Жан Мишел Сери, за 1,5 милиони евра, со право на откуп за 18 милиони евра. Сери во Истанбул доаѓа на позајмица од една година, со право на откуп. Платата на 28-годишниот фудбалер во новиот тим ќе изнесува 2,8 милиони евра годишно. Минатата сезона Сери одигра 32 натпревари за Фулам, по што постигна еден гол и направи три асистенции. Тој се преслеи во Англија од екипата на Ница за сума од 35 милиони фунти.

Read More