Давид де Хеа на крајот се согласил да го обнови договорот со Манчестер Јунајтед за да остане во клубот уште неколку години, објавија англиските медиуми. По долгите и тешки преговори, шпанскиот голман се согласил да го продолжи договорот за 4+1 година и да добива 350.000 фунти неделно. Ова ќе се случи веднаш по враќањето на тимот од турнејата во Австралија и Кина. Ова значи дека ако тој го исполни целиот договор ќе собере вкупно 91 милион фунти, што е несомнено сериозен поттик да продолжи да го носи црвениот дрес. Во последните години Де Хеа беше предмет на интерес од други…
Author: saso
Македонскиот фудбалски шампион Шкендија попладнево (17 ч.) на Националната Арена во Скопје ќе го одигра реванш мечот од 1. коло во ЛШ. Тетовци и втора година по ред се на прагот да обезбедат најмалку второ квалификациско коло во Лигата на шампионите, откако на првата средба во Талин, славеа над Естонците со 1:0. Шкендија и на првата средба покажа дека е подобар тим од естонскиот првак, па сега останува тоа да го потврди со победа во Скопје. Ако ја повторат доминацијата од првиот меч, фудбалерите на Ќатип Османи не би требало да имаат проблем да дојдат и до убедлив триумф. Ако…
Евертон официјално го потврди доаѓањето на Фабијан Делф од Манчестер Сити со 3-годишен договор. „Карамелите“ платиле околу 9 милиони фунти за фудбалерот, а износот може да се зголеми во зависност од неговите настапи. 29-годишниот фудбалер, кој освои две титули во Англија со „граѓаните“, веќе му се придружи на својот нов тим во Швајцарија. „Секогаш кога играв против Евертон, ја чувствував големата страст на овие навивачи. Тие го разбираат фудбалот и го поддржуваат тимот, па јас сум многу среќен што сум дел од овој клуб. Ќе дадам сè од себе и верувам дека заедно можеме да постигнеме нешто посебно”, изјавил Делф.
Манчестер Јунајтед не се откажува од идејата да го добие играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Според информации на „Скај Спорт“, „Црвените Ѓаволи“ понудиле 80 милиони евра за правата на Србинот, но од Лацио ја отфрлиле оваа понуда. Тие инсистираат на најмалку 100 милиони евра за да се разделат со својот фудбалер. Се чини дека Лацио малку ги намали своите побарувања во споредба со минатото лето, кога поставија цена од 120 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ. Интересот за српскиот репрезентативец има и од Јувентус , ПСЖ и Интер.
Бенфика е многу близу до обезбедување на голманот на Јувентус, Матеа Перин. Португалците ја зголемија својата понуда за него на 15 милиони евра и претставниците на клубот ќе отпатуваат во Торино за завршни преговори со шефовите на Јуве. Директорот на Бенфика, Мануел Руи Коста, лично го контактирал Перин за да го убеди да се пресели во Лисабон.
Англиски Тотенхем понуди 60 милиони евра за напаѓачот на Реал Мадрид, Герет Бејл, објави Марка. Лондонскиот клуб е подготвен да плати само половина од платата на 29-годишниот фудбалер, а останатите 8,5 милиони евра мора да ги преземат неговите сегашни сопственици. Бејл веќе играше за Тотенхем од 2007 до 2013 година, каде имаше 146 натпревари, постигнувајќи 43 гола. На крајот на летниот трансфер прозорец во 2013 година, Бејл беше купен од Реал за 100 милиони евра, што го направи најскап играч во историјата на фудбалот во тоа време. Минатата сезона тој одигра само 29 натпревари, а новиот (стар) тренер на тимот,…
Аргентинскиот Арбитражен суд за спорт го советуваше капитенот на националниот тим, Лионел Меси, да и се извини на Јужноамериканска фудбалска конфедерација, која 32-годишниот напаѓач ја обвини за корупција за време на Копа Америка. Со тој чин Меси нема да подлежи на санкции. „Јас би го советувал Меси да се извини бидејќи ќе биде подложен на санкции. Тој мора да се извини за да не го казнат“, изјавил членот на Арбитражниот суд, Абреу.
Денеска на прес-конференција,с рпската фудбалска легенда, Синиша Михајловиќ, кој е тренер на Болоња објави дека пред себе ја има најголемата битка. Злокобната болест леукемија ќе го тргне од фудбалската работа на одредено време, но најави дека ќе ја победи и ќе се врати на терените. „Направивме неколку тестови кои покажаа аномалии кои ги немав пред четири месеци. Ќе ви објаснам убаво, не сакам луѓето да шпекулираат. Ќе ви ја кажам вистината, а потоа ќе добиете информации од моите лекари, секако би сакал да се почитува мојата приватност. Резултатите од прегледите покажаа дека станува збор за леукемија. Ќе мора веднаш да…
Поранешниот кошаркар на ЦСКА и ЛА Клиперс, Милош Теодосиќ е на чекор од потпишување на договор со италијанска Виртус Болоња. Договорот меѓу двете страни ќе биде за три години. Други детали од договорот не се објавени. Вреди да се спомене дека Виртус Болоња е предводена од Саша Ѓорѓевиќ, кој исто така ја води српската кошаркарска репрезентација. Теодосиќ замина од ЦСКА во летото 2017 година, потпишувајќи договор со Лос Анџелес Клиперс. Во НБА помина две сезони, одигра 60 натпревари во кои имаше просек од 8 поени и 4 асистенции.
Раководството на Барселона е подготвено да испрати дури четворица фудбалери во екипата на ПСЖ, само за да го врати назад Нејмар. Според информација на шпанските весници, од „Камп Ноу“ се подготвени да ги разменат Кутињо, Дембеле, Нелсон Семедо и Самуел Умтити, за да го потврдат трансферот на бразилскиот репрезентативец. Парижаните можат да изберат три од четирите фудбалери и да ги разменат за Нејмар. Барселона не е подготвена да плати кеш за Нејмар, особено не по високиот трансфер на Гризман.
