Денеска на прес-конференција,с рпската фудбалска легенда, Синиша Михајловиќ, кој е тренер на Болоња објави дека пред себе ја има најголемата битка. Злокобната болест леукемија ќе го тргне од фудбалската работа на одредено време, но најави дека ќе ја победи и ќе се врати на терените.
„Направивме неколку тестови кои покажаа аномалии кои ги немав пред четири месеци. Ќе ви објаснам убаво, не сакам луѓето да шпекулираат. Ќе ви ја кажам вистината, а потоа ќе добиете информации од моите лекари, секако би сакал да се почитува мојата приватност. Резултатите од прегледите покажаа дека станува збор за леукемија. Ќе мора веднаш да заминам на лечење, знам дека третманите ќе бидат агресивни. Ќе ја победам оваа битка, за моите деца, за сите оние кои ме сакаат“, изјави Миха.
Поддршка за српскиот стратег стигна од цела Италија. Од клубот најавија дека тој и натаму останува под договор, без разлика што нема да го води тимот следната сезона.