Давид де Хеа на крајот се согласил да го обнови договорот со Манчестер Јунајтед за да остане во клубот уште неколку години, објавија англиските медиуми.
По долгите и тешки преговори, шпанскиот голман се согласил да го продолжи договорот за 4+1 година и да добива 350.000 фунти неделно. Ова ќе се случи веднаш по враќањето на тимот од турнејата во Австралија и Кина.
Ова значи дека ако тој го исполни целиот договор ќе собере вкупно 91 милион фунти, што е несомнено сериозен поттик да продолжи да го носи црвениот дрес. Во последните години Де Хеа беше предмет на интерес од други клубови, но ова лето за него нема понуда, па тоа веројатно одигра улога во одлуката на 28-годишниот голман.