Иако водеа со 3:1, фудбалерите на Шкипи на крајот се спасуваа од пораз на гостувањето кај Пјуник во првиот меч од квалификациите во Лигата на Европа. На гостувањето во Ереван, Шкупи прими гол уште по само 4 минути игра, откако од пенал домашните преку Варданјан победоа со 1:0. Шкупи брзо се врати по стартниот шок, па со својот прв гол во 26 минута, Бајрами успеа да израмни. До крајот на првиот дел, чаирчани искористија уште една шанса, па со голот на Илиески во 43. минута поведа со 2:1. Во вториот дел Шкупи продолжи со добрата игра, која Бајрами со својот втор…
Author: saso
Македонија на престојното светско првенство во пливање кое ќе се одржи во јужнокорејскиот град Гвангжу ќе биде претставена од пет пливачи. Во натпреварите во далечинско пливање ќе се појави Евгениј Поп Ацев, додека во пливачките дисциплини ќе не преставуваат и Филип Дерковски, Давор Петровски, Миа Крстевска и Ева Петровска. Светскиот шампионат ќе се одржи од 16 до 28 јули.
Словенечкиот интернационалец Домен Сикошек Пелко (21) денеска потпиша договор со „црвено-црните“ на една сезона, со можност соработка да продолжи уште две сезони. За 202 сантиметри високиот интернационалец ова ќе биде второ искуство со играње надвор од Словенија. Лани настапуваше во австрискиот клуб Брук. Сикошек Пелко ќе им биде соиграч на Стојанче Стоилов и на Сергеј Горпишин на пикерската позиција. „Голема чест и задоволство е кога може да ти се исполнат соништата и да добиеш шанса да играш за европски првак и институција каква што е Вардар. Знам дека ме чека уште многу сериозна и напорна работа и докажување, но и…
Евертон сериозно се обидува да ја реализира идејата за доведување на нов фудбалер од Барселона. Во случајов станува збор за Малколм, кој минатата сезона не се наигра на „Камп Ноу“. „Карамелите“ се подготвени да го доведат Бразилецот и веќе разговараат со Каталонците. Англиските медиуми шпекулираат дека Евертон е подготвен да плати 31 милион фунти за него, но тоа не е сигурно цената која Барселона ќе ја бара за него. Во последниве години Евертон и Барселона направија неколку договори и покажаа добро партнерство на трансфер пазарот.
Јувентус би можел да ја плати бараната сума од 75 милиони евра за дефанзивецот на Ајакс, Матијас де Лихт. Според весникот „газета дело Спорт“, понудата на Јуве од 67 милиони евра за Де Лихт беше одбиена и Ајакс не отстапува од своите барања да добие 75 милиони евра за слободата на младиот фудбалер. Се очекува „бјанконерита“ да ја зголемат својата понуда во следните неколку часа за да можат да го склучуваат договорот оваа недела. Откако ќе биде договорено плаќањето, 19-годишниот играч може да оди на лекарски прегледи.
Првиот човек на Олимпик Марсеј, Жак-Анри Еиро, го потврди заминувањето на напаѓачот Марио Балотели. 28-годишниот Италијанец го заврши договорот со Марсеј и стана слободен агент. Претходно во медиумите, беше објавено дека Балотели бил понуден во англиски Вест Хем Јунајтед, но тренерот на лондонскиот тим Мануел Пелегрини не покажал интерес за италијанскиот напаѓач. Исто така, имаше информации дека Балотели се наоѓа во Бреша, каде што имаат намера да склучат договор со него, но и оваа вест остана непотврдена.
Првите луѓе на Ф1 тимот, Мекларен објавија дека скоро ќе ја продолжат соработката со пилотите Карлос Саинц и Ландо Норис. Шпекулациите околу промените на пилотските места, со оба паѓаат во вода. И двајцата возачи ќе останат да се натпреваруваат за тимот од Вокинг најмалку до 2020 година. Оваа сезона е прва за Саинц во Мекларен, додека Норис дебитира во Ф1.
Претставниците на италијански Интер ќе допатуваат на Островот оваа недела за да ги договорат трансфер условите за ангажманот на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Ромел Лукаку, објавија англиските медиуми. Засега Интер и Манчестер Ј. не успеаја да се договорат за трансферот на Белгиецот, па „нероаѕурите“ сакаат да ги интензивираат разговорите токму до крајот на неделава. Јунајтед сака да добие 75 милиони фунти за својот играч, кој има договор до 2022 година. Интер бара некаков попуст, па последните разговори невестија дека преговорите треба да продолжат.
Во очекување да биде потврден трансферот на нашиот Ељиф Елмас, италијански Наполи продолжува да работи на обезбедување нови засилувања. Од Италија утрово стигнува информација дека наполитанците се пред договор и со аргентинскиот талент Максимилиано Ловера, кого го нарекуваат „новиот Дибала“. 20-годишниот напаѓач моментално го носи дресот на Розарио и веќе имал контакт со преставниците на Наполи. Ловера успеа да влезе во првиот тим во 2016 година, а во последните три сезони одиграл 40 натпревари за тимот.
По вчерашната минимална победа на гостувањето во Талин против екипата на Номе Калју во меч од 1. Коло во Лигата на шампионите, тренерот на нашиот првак Шкендија, Ќатип Османи, истакна дека победата требаше да биде и поубедлива. „Убаво е кога европските настапи ќе ги почнете со победа иако мора да нагласам дека можевме и мораше да дојдеме и до поубедлива победа. Но, секако ова е прв натпревар за нас ова лето и секако значајна победа. Сепак, триумфот не смее да не залажува. Работата ќе мора да ја завршиме за една недела пред нашите навивачи и секако да обезбедиме пласман во…
