Евертон сериозно се обидува да ја реализира идејата за доведување на нов фудбалер од Барселона. Во случајов станува збор за Малколм, кој минатата сезона не се наигра на „Камп Ноу“.
„Карамелите“ се подготвени да го доведат Бразилецот и веќе разговараат со Каталонците. Англиските медиуми шпекулираат дека Евертон е подготвен да плати 31 милион фунти за него, но тоа не е сигурно цената која Барселона ќе ја бара за него.
Во последниве години Евертон и Барселона направија неколку договори и покажаа добро партнерство на трансфер пазарот.