Екипата на Арсенал веќе се откажа од идејата да го купи Вилфрид Заха од Кристал Палас, па Унаи емери и неговите соработници се пренасочени кон обезбедување на потписот на ѕвездата на Бурнемаут, Рајан Фрејзер. Понудата од 40 милиони евра за Заха беше далеку под посакуваните 80 милиони од раководството на Палас. “Топчиите” проценија дека ваквата зделка изгледа премногу оптимистичка за да се постигне, што ги сврте кон крилото на Бурнемаут, Фрејзер. Шефовите на Арсенал ќе направат нова и подобра понуда за Фрејзер која треба да биде во опсег од 20 милиони евра.
Author: saso
Јужноамериканската фудбалска конфедерација, пак, излезе со соопштение по повод обвинувањата на капитенот на Аргентина, Лионел Меси. „Во фудбалот понекогаш победуваш, понекогаш губиш. Главниот дел на фер играта е вештината да го прифатиш резултатот достојно и со почит. Истото важи и за одлуките на судиите, кои се исто така луѓе, тие секогаш можат да бидат подобри. Неприфатливо е да се појавуваат неосновани обвинувања во отсуство на докази, што го доведува во прашање интегритетот на Копа Америка. Овие обвинувања претставуваат недостиг на почит кон турнирот, кон сите инволвирани фудбалери и стотици професионалци од КОНМЕБОЛ – организација која од 2016 година работи неуморно…
Аргентинската фудбалска ѕвезда, Лионел Меси, продолжи со своето скандалозно однесување по завршувањето на натпреварот за третото место на Копа Америка, каде што Аргентина го порази Чиле со 2:1. Меси доби црвен картон за време на пресметката со Гари Медел. По мечот Меси одби да го прими бронзениот медал и ја обвини КОНМЕБОЛ за корупцијата. „Не отидов по медалот затоа што не сакам да бидам дел од корупција и недостаток на почит. Можевме да направиме повеќе, но тие не ни дозволија да стигнеме до финишот. Корупцијата и судиите не им дозволуваат на луѓето да уживаат во фудбалот, тие го уништуваат спортот“,…
Жозе Мурињо ја отфрли највисоката понуда во светот на фудбалот, објави „Скај Спорт“. Предлогот бил вреден 28 милиони фунти по сезона, вклучувајќи бонуси. Португалскиот стратег самиот можел да го одреди терминот и реметраењето на договорот. Понудата, се разбира, е од Кина, а Мурињо ја доби од локалниот гигант Гвангжу Евергранде. Пред два дена, излегоа информации дека Специјалниот преговара со најбогатиот човек во Кина – Хуи Ка Јанг. Синоќа, медиумите на островот откриле дека Португалците на крајот ја одбил понудата.
Голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума, одлучи да остане во Милано, потпишувајќи нов договор со „росонерите“, дури и за помала плата. Според италијанските медиуми, Донарума му кажал на новото раководство на клубот дека е целосно посветен да му помогне на Милан да се врати на врвот. ПСЖ имаше интерес за него, но не успеаја да го убедат младиот Донарума да замине во Париз.
Атлетико Мадрид објави нов трансфер. Овој пат станува збор за Иван Шапониќ од Бенфика. 21-годишниот централен напаѓач е висок 192 сантиметри и е младински репрезентативец на Србија. Бенфика не сакаше да го продаде Шапониќ во текот на летото, но договорот ќе биде завршен следната недела. Атлетико Мадрид се очекува да плати помеѓу 1 и 2 милиони евра за трансферот. Во 2015 година, Шапониќ стана светски шампион со Србија на првенството за играчи до 20 години.
На светскиот Гран При во К-1 во Сараево, македонскиот борец Александар Димовски – Димса славеше со нокаут во третата рунда над Словенецот Саша Јовановиќ, а во финалната пресметка против Санид Имамовиќ од Босна и Херцеговина победи со нокаут во првата рунда и ја освои слободната титула во тешка категорија. Димовски го завери билетот за финалето на Светскиот куп во тешка категорија на КОК со нокаут во првата рунда над Имамовиќ. Тој сега ќе се соочи со победникот на вториот ГП турнир на КОК во тешка категорија, кој ќе се одржи подоцна во текот на годината.
Ајозе Перез е нов фудбалер на Лестер. Денеска „лисиците“ го објавија трансферот на најдобриот фудбалер на Њукасл од минатата сезона. Од клубот објавија дека договор е на 4 години а според првите информации на англиските медиуми, сумата на трансферот е 30 милиони фунти.
Кошаркарската репрезентацијата на Македонија за играчи до 16 години, која тековното лето ќе настапи на континенталниот кадетски собир во машка конкуренција, пред нешто повеќе од две седмици означи почеток на официјалните подготовки. Селекторот Денис Дервишевиќ го објави списокот на кошаркарите на чии услуги ќе смета во периодот што следи, а кадетите веќе тренираат во Скопје, каде направија и лекарски прегледи задолжителни за секоја национална селекција. Во подготвителниот период за Европското првенство кое ќе се одигра во Италија, избраниците на Дервишевиќ ќе одиграат и пријателски натпревари против соодветните национални селекции на Турција, Израел, Полска и Чешка, а првите официјални натпревари ќе ги…
Јувентус во блиска иднина ќе го го направи првиот официјален предлог до Ајакс за трансферот на дефанзивецот Матијас де Лихт. Торинскиот клуб ќе понуди 55 милиони евра за 19-годишниот фудбалер и уште 10 милиони евра во вид на разни бонуси. ПСЖ претходно имаше и подобра понуда за де Лихт, но Јувентус веќе се согласи за личниот договор со холандскиот фудбалер. Познато е дека Ајакс бара 75 милиони евра за својот играч, па останува да се види дали оваа понуда на Јувентус ќе биде доволна. Според условите за петгодишниот договор, со кој де Лихт се согласи со Јувентус, тој ќе добие…
