Јувентус во блиска иднина ќе го го направи првиот официјален предлог до Ајакс за трансферот на дефанзивецот Матијас де Лихт. Торинскиот клуб ќе понуди 55 милиони евра за 19-годишниот фудбалер и уште 10 милиони евра во вид на разни бонуси.
ПСЖ претходно имаше и подобра понуда за де Лихт, но Јувентус веќе се согласи за личниот договор со холандскиот фудбалер. Познато е дека Ајакс бара 75 милиони евра за својот играч, па останува да се види дали оваа понуда на Јувентус ќе биде доволна.
Според условите за петгодишниот договор, со кој де Лихт се согласи со Јувентус, тој ќе добие 12 милиони евра годишно. Минатата сезона, де Лигт постигна 3 гола во 33 натпревари од Холандија Ередивизија. Во Лигата на шампионите, тој постигна 3 гола на 17 средби.