Author: saso

Довчерашниот менаџер на Дерби Каунти, Френк Лампард, пристигна во Лондон каде и официјално е назначен за нов тренер на Челзи. Френк Лапмард е новиот тренер на Челзи, соопштија од клубот. „Се врати дома. Добродојде дома Френк“, објавија од лондонските „сини“. Претходно беше објавено дека Лампард во Челзи се договорил за плата во висина од околу 4,5 милиони евра годишно. Слична сума „сините“ ќе мора да му платат и на Дерби во вид на комплензација за предвременото раскинување на договорот на Лампард со неговиот довчерашен клуб. По назначувањето на Лампард, Челзи ќе оди во Даблин на пред-сезонска мини-турнеја на која ќе…

Read More

Италијанскиот дефанзивец од екипата на Спартак Москва, Салваторе Бокети, е многу близу до враќањето во својата татковина. Според италијанските новинари, 32-годишниот фудбалер се согласил со условите за личен договор со Џенова, тимот каде настапуваше од 2008 до 2010 година. За да го заврши договорот, клубот од Серија А мора да плати отштета кон Спартак, која засега се уште е во фаза на договор. Претходно, сопственикот на Спартак, Леонид Федун во интервју изјави дека Бокети ќе го раскине договорот со Спартак и ќе го напушти тимот. Бокети е во Спартак од 2013 година.

Read More

Лукас Окампос и официјално е фудбалер на Севиља. Тој е шестото ново засилување за Андалузијците. Играчот од Олимпик Марсеј во Севиља пристигна вчера каде ги мина лекарските прегледи, а вчеравечер и официјално стави потпис на 5-годишен договор со Шпанците. Аргентинецот ќе биде големо засилување за Севиља во нападот. Неофицијално, Севиља за него на Олимпик Марсеј ќе му плати 13+2 милиони евра.

Read More

Манчестер Сити успеа да го договори трансферот на својот поранешен фудбалер, Анхелињо, кој минатата година беше фудбалер на холандски ПСВ. Шпанецот кој имаше одлична сезона за холандскиот гигант, по само една година откако беше продаден, повторно е дел од „граѓаните“ кои платија само 5,3 милиони фунти за него.

Read More

Фудбалската репрезентација на Перу е сензационален патник во финалето на Копа Америка. Синоќа во Порто Алегре Перуанците приредија изненадување совладувајќи го тимот на Чиле со 3:0 и обезбедувајќи место во големото финале, каде за противник ќе ја имаат селекцијата на Бразил. Првиот гол беше постигнат во 21. минута, откако Флорес успеа да го погоди голот на Чилеанците. На вториот погодок не се чекаше долго. Во 38. минута играчот за врска Јотун веќе зголеми и на 2:0 и најави дека Перу со една нога е во финалниот меч. Конечниот резултат беше поставен во 91. минута, кога Гереро и по третпат ја…

Read More

Жоао Феликс и официјално е ново засилување за Атлетико (М). Шпанскиот клуб на Твитер го објави трансферот на младиот фудбалер на Бенфика со видео со кое го претстави 19-годишен напаѓач, кој се наоѓа во Музејот на Прадо. Претходно беше објавено дека во Атлетико португалскиот напаѓач ќе добие 6 милиони евра годишно. Агентот за фудбалерот Хорхе Мендес ќе добие 30% од износот на трансакцијата вредна 126 милиони евра.

Read More

Атлетико Мадрид на својата официјална веб-страница ја објави продажбата на играчот од средниот ред Родриго Хернандез во Манчестер Сити за 70 милиони евра. „Ла Лига денеска го информираше Атлетико дека Родриго Хернандез и претставници на Манчестер Сити се појавиле во седиштето на организацијата за да ја активираат клаузулата на играчот. Манчестер Сити го плати надоместокот на фудбалерот. Така, играчот еднострано го раскина договорот со нашиот клуб кој вежеше до 30 јуни 2023 година“, стои во изјавата од Атлетико. Во сезоната 2018/19, Родри одигра 34 натпревари и постигна три гола во Ла Лига.

Read More

Еден од најперспективните млади хрватски ракометари, Маријан Мариќ, го стави својот потпис на договорот со Металург. Маријан (23 г., 193 см., 91 кг.) е брат на познатиот хрватски репрезентативец Марино Мариќ, а во Металург доаѓа од екипата на Зрински од Мостар (БиХ). Маријан Мариќ игра на позиција лев бек. Маријан со Металург потпиша двегодишен договор и е четвртото засилувања за тимот од Автокоманда, по Лука Вујовиќ, Милан Поповиќ и Реваз Чантурија.

Read More

На прес-конференција, Кошаркарската федерација на Македонија објави дека досегашниот ракометен „храм“, СРЦ Кале, во иднина ќе биде нов кошаркарски центар. Големата сала на СРЦ „Кале“ ќе биде на располагање на КФСМ. „Во програмата ставивме акцент на подобрување на условите за младите. Презадоволен сум што федерацијата добија своја сопствена сала која ќе биде на расплагање 24 часа на ден, 365 дена во годината. Младите добија место каде ќе можат да се развиваат. Со обезбедување на сала ни се олеснува работата, во однос на инвидуални и репрезентативни тренинзи“, изјави првиот човек на македонската кошарка, Антиќ. Неговите соработници исто така ја истакнаа важноста…

Read More

Во текот на наредните неколку дена, Јувентус и официјално треба да го потврди трансферот на младиот дефанзивец на Ајакс, Матијас де Лихт. Италијанскиот шампион Јувентус е само чекор до потписот со Холанѓанецот, а исто така во скоро време треба да биде затворен и трансферот на голманот Џиџи Буфон. Преставници на клубот од Торино веќе се сретнале со преставниците на Де Лихт и наводно веќе се договорени сите детали од соработката. Сега се чека на Ајакс да ја прифати понудата од 75 милиони евра за младиот стопер.

Read More