Италијанскиот дефанзивец од екипата на Спартак Москва, Салваторе Бокети, е многу близу до враќањето во својата татковина.
Според италијанските новинари, 32-годишниот фудбалер се согласил со условите за личен договор со Џенова, тимот каде настапуваше од 2008 до 2010 година. За да го заврши договорот, клубот од Серија А мора да плати отштета кон Спартак, која засега се уште е во фаза на договор.
Претходно, сопственикот на Спартак, Леонид Федун во интервју изјави дека Бокети ќе го раскине договорот со Спартак и ќе го напушти тимот.
Бокети е во Спартак од 2013 година.