Довчерашниот менаџер на Дерби Каунти, Френк Лампард, пристигна во Лондон каде и официјално е назначен за нов тренер на Челзи.
Френк Лапмард е новиот тренер на Челзи, соопштија од клубот.
„Се врати дома. Добродојде дома Френк“, објавија од лондонските „сини“.
Претходно беше објавено дека Лампард во Челзи се договорил за плата во висина од околу 4,5 милиони евра годишно. Слична сума „сините“ ќе мора да му платат и на Дерби во вид на комплензација за предвременото раскинување на договорот на Лампард со неговиот довчерашен клуб.
По назначувањето на Лампард, Челзи ќе оди во Даблин на пред-сезонска мини-турнеја на која ќе одигра и две пријателски средби.