Францускиот шампион ПСЖ денеска и официјално го потврди трансферот на Пабло Сарабиа. Досегашниот фудбалер на Севиља ќе биде ново име во редовите на францускиот гигант. Сарабиа потпишал 5-годишен договор со „светците“, а ПСЖ за него плати 18 милиони евра, колку што и беше клаузулата во договорот на Шпанецот за заминување од составот од Андалузија.
Author: saso
Младиот репрезентативец на Шпанија, Дани Себаљос, кој е трансфер цел на неколку различни клубови, објави дека е подготвен да го напушти Реал Мадрид, но само на позајмица. Себаљос вели дека никогаш нема да се откаже од Реал и ќе ја бара својата шанса во тимот. Милан и Тотенхем се поврзуваат со 23-годишниот фудбалер, иако засега нема никакви конкретни насоки. Себаљос се споменуваше како дел од можна размена меѓу Реал и Тотенхем во која мадриѓани би го добиле Кристијан Ериксен. „Имам 4 години од мојот договор. Не мислам на напуштање на Реал Мадрид, бидејќи сакам да успеам тука. Не знам дали…
Француски Лион очекува да добие најмалку 30 милиони евра од можната продажба на главниот играч од средниот ред Набил Фекир. Засега Лион по се изгледа нема конкретни понуди за него, но интерес има од неколку клуба. Претходно беше објавено дека италијански Милан е заинтересиран за 25-годишниот фудбалер.
Португалските клубови Бенфика и Порто активно се натпреваруваат за потписот на резервниот голман на Јувентус, Матија Перин. 26-годишниот голман може да го напушти клубот од Торино ако во составот се врати исклусниот Буфон. Претходно беше објавено дека Буфон ќе потпише договор со Јувентус на една година, под услов неговата плата да биде 1,5 милиони евра. Минатото лето, Перин се пресели во Јувентус од Џенова за 12 милиони евра.
Поранешниот фудбалер на Јувентус и италијански реперезентативец, Клаудио Маркизио и официјално го напушти Зенит откако двете страни решија меѓусебно да ја завршат соработката. „Клубот може да потврди дека Маркизио си заминува во взаемна согласност на двете страни“, објавија од Зенит. 33-годишниот фудбалер си замина од Јуве минатото лето, а еве по една година во Русија реши да го напушти и Ст. Петерсбург. Поради проблеми со коленото, неговите настапи во тимот беа ограничени на само 15 натпревари, а во нив успеа да постигне и два гола.
Италијанскиот шампион Јувентус и официјално потпиша договор со Адриен Рабио. 24-годишниот играч од средниот ред пристигна во Торино како слободен играч од ПСЖ. Договорот меѓу Рабио и “Старата Дама” е на четири години. Адриен ќе добие 7 милиони евра годишно плус бонуси. Тој, исто така, ќе добие и 10 милиони во кеш, како компензација за неговото доаѓање со намалена плата во дресот на италијанскиот првак.
Интер денеска потврди уште едно ново засилување. Откако утрово медиумите информираа за договорот со Диего Годин, попладнево миланскиот тим го потврди и доаѓањето на досегашниот фудбалер на Херта, Валентино Лазаро. Тој ги мина лекарските прегледи и официјално стави потпис на договор со „нероаѕурите“. Првичните, непотврдени, информации велат дека висината на трансферот изнеасува 22 милиони евра.
Поранешниот тренер на Њукасл Јунајтед, Рафаел Бенитез, се согласи да го предводи кинескиот клуб Далиан. 59-годишниот шпански специјалист може да биде претставен како тренер на тимот во кинеската Супер лига утре. Платата на Бенитез во Далиан ќе биде 12 милиони фунти (околу 13,4 милиони евра). Бенитез го предводеше Њукасл Јунајтед од март 2016 година. Шпанскиот стратег го врати тимот во Премиер Лигата, а минатата сезона клубот заврши на 13 место.
Новата сезона во СЕХА-лигата ќе стартува на 3/4 септември и регуларниот дел од сезоната, односно групната фаза ќе трае до 14/15 декември. Вториот дел од сезоната е резервиран за плејофот и за Ф4, кој е закажан за викендот од 3 до 5 април. Македонија сезонава во СЕХА ќе ја претставуваат бранителот на титулата, Вардар и Еурофарм Работник, кој премиерно ќе биде дел од ова натпреварување.
Конечно, денеска Манчестер Јунајтед го заврши потпишувањето на договорот со дефанзивецот на Кристал Палас, Арон Ван Бисака. Стоперот на Кристал Палас и официјално е нов фудбалер на „црвените ѓаволи“ со договор вреден 50 милиони фунти. Младиот фудбалер уште вчера ги мина лекарските прегледи во кампусот на Јунајтед, по што денеска се чекаше само официјализацијата на договорот. Ова за Манчестер Ј. е второ засилување ова лето, откако во тимот веќе е доведен и младиот Даниел Џејмс од Свонси.
