Македонскиот борач Магомедгаџи Нуров со технички туш (11:0) го победи Унгарецот Шчабо првата репасажна борба во категоријата до 97 килограми на Европските Игри во Минск. Со оваа победа, Нуров се избори за уште една битка и можност за освојување на бронзениот медал. Вечерва нашниот борач го очекува одлучувачката борба за медал и тоа против Белорусинот Александар Хуштин. Борбата е најавена со почеток од 18:30 часот.
Author: saso
Македонскиот борач Владимир Егоров во денесната репасажна борба со бугарскиот борач Вангелов се избори за резултат 3:3 што не беше доволно за победа и борба за медал на ЕИ во Минск. Егоров најверојатно ќе го освои 7-то место во категоријата до 57 килограми, иако имаше шанси и за медал. Добар старт имаше Могамедгаџи Нуров кој со технички туш го победи литванскиот борач Красаускас и надмоќно се пласира во 1/4 финалето на Европските игри МИНСК 2019 во категоријата под 97 килограми каде ќе се сретне со рускиот борач, светскиот и европски првак Абдулрашид Садулаев. За жал, Фати Весели ја загуби борбата…
Кошаркарскиот клуб АВ Охрид има ново тренерско име. Како што објавија од клубот, охриѓани новата сезона ќе ја почнат со Марјан Илиевски на кормилото на тимот. Тој го презеде кормилото по заминувањето на Петар Чочоровски кој четири сезони го предводеше охридскиот состав. Илиевски во Охрид доаѓа од тимот на Блокотехна со кој успеа да победи во БИБЛ лигата и да се пласира во финалето во Купот на Македонија.
Менаџментот на Далас Маверикс има намера да му понуди на напаѓачот Криштапс Порзингис максимален петгодишен договор вреден 158 милиони долари. Порзингис стана играч на Далас во текот на изминатата сезона, како дел од трејдот со Њујорк Никс. Летонецот целосно ја пропушти минатата сезона поради повреда на лигаменти на коленото. Пред сериозната повреда, тој беше еден од најдобрите играчи во лигата и учествуваше на Ол-Стар натпреварот.
Францускиот напаѓач од екипата на Севиља, Висам Бен Једер, може да ја продолжи кариерата во англиската Премиер лига. Некои извори од Островот велат дека Манчестер Јунајтед е заинтересиран за купување на 28-годишниот напаѓач. Клаузулата во договорот на Бен Једер изнесува 40 милиони евра, а фудбалерот и претходно најави дека би заминал од клубот за добра понуда. Французинот има договор со Севиља до летото 2021 година.
Шпанска Валенсија го најави доаѓањето на холандскиот голман Јаспер Силесен од екипата на Барселона. Откако претходно беше објавено дека Барслеона и Валенсија ќе си ги разменат голманите Нето и Силесен, сега од составот на „лилјаците“ стигнува уште една потврда по еден твит на социјалната мрежа. Познато е дека Силесен веќе ги минал лекарските прегледи во клубот и се чека само формалноста да ја објават и двата клуба. Минатата сезона, 30-годишниот Силесен одигра само 3 натпревари за шпанскиот шампион, и самиот најави дека ова лето сака да си замине.
Македонските натпреварувачи на Eвропските Игри во Минкс, Белорусија, денеска повторно имаа само просечни настапи. Велосипедистот Андреј Петровски се појави на уличната велосипедска трка во машка конкуренција и во конкуренција на 133 велосипедисти кои ја завршија трката го зазеде 96. место. Стрелачот Бранковски, пак, денеска се појави на натпреварите во дисциплината водушен пиштол 10 метри и на крајот со испукани 567 круга мораше да се задоволи со пласман на 30. место во конкуренција на 36 натпреварувачи.
Голманот Калифа Гедбан ќе остане уште една сезона во дресот на Вардар. Алжирскиот интернационалец и клубот ја активираа клаузулата според која доколку и двете страни се задоволни тој ќе остане уште најмалку една сезона во Скопје. „Kалифа во Вардар сезонава со своите настапи покажа многупати дека е квалитетен голман. Ние одамна го препознавме тој квалитет и веруваме дека неговите игри ќе бидат уште подобри. Со младоста, квалитетот и посветеноста ветува дека ќе израсне во врвен играч. Задоволни сме што и тој останува во Скопја и што заедно ќе одиме во уште една сезона и ќе го напаѓаме европскиот врв, изјави…
Европскиот шампион Вардар и натаму е во потрага по квалитетни засилувања за тимот за следната сезона. Последните шпекулации велат дека „црвено-црните“ се во преговори со досегашниот ракометар на Висла Плок, Хозе Толедо. Станува збор за десен бек кој е исклучително висок и кој треба да биде опција за десната бековска позиција каде веќе Вардар го има Криштопанс. Бразилецот настапува и за својата репрезентација од 2015 година.
Екипата на МЗТ Скопје и следната сезона ќе биде дел од АБА 2 лигата, откако управата на клубот реши да ја прифати поканата за настап во оваа конкуренција која му следува како шампион на Македонија. “Ова ќе биде наша втора сезона во ова натпреварување, во која ќе дадеме сѐ од себе да отидеме еден чекор понапред од годинава, во однос на обезбедување место кое би нѐ вратило во јадранската елита. Лигата минатата сезона се покажа како квалитетна, со многу сериозни противници, што секако е идеално место за спортско усовршување, пред сѐ на младите таленти во нашиот состав“, се вели меѓу…
