Екипата на МЗТ Скопје и следната сезона ќе биде дел од АБА 2 лигата, откако управата на клубот реши да ја прифати поканата за настап во оваа конкуренција која му следува како шампион на Македонија.
“Ова ќе биде наша втора сезона во ова натпреварување, во која ќе дадеме сѐ од себе да отидеме еден чекор понапред од годинава, во однос на обезбедување место кое би нѐ вратило во јадранската елита. Лигата минатата сезона се покажа како квалитетна, со многу сериозни противници, што секако е идеално место за спортско усовршување, пред сѐ на младите таленти во нашиот состав“, се вели меѓу другото во соопштението од МЗТ Скопје.