Author: saso

Маурицио Сари денеска беше и официјално беше промовиран за нов тренер на Јувентус. На прес-конференција на стадионот „Алијанц“ во Торино, Италијанецот ги искажа своите очекувања од доаѓањето на клупата на гигантот од Италија. „Навивав за Наполи, нормално, таму сум роден. Давав се од себе. Во последните неколку месеци се сомневав меѓу мојата посветеност кон клубот и навивачите и професионалниот однос. Јувентус ми даде шанса и ова е круна на мојата кариера која беше тешка. Кога Јувентус ме контактираше чувството беше силно. Никогаш во мојата  30-годишна кариера не сум видел клуб кој е толку посветен да донесе тренер. Никогаш не сум…

Read More

Македонскиот фудбалски првак Шкендија ако успее да го мине естонски Номе Калју, во 2. коло од квалификациите за ЛШ ќе се сретне со победникот од дуелот меѓу Селтик и Сараево. Првиот меч од 2. коло Шкендија ќе го игра на гости, додека возвратниот меч би го одиграла на домашен терен. Натпреварите се играат на 34/24 јули, а возвратните дуели се закажани една недела подоцна, 30/31 јули.

Read More

Јувентус ги продолжува разговорите со играчот од средниот ред на Манчестер Јунајтед , Пол Погба, за негово враќање во Торино. Желбата на Французинот е да заигра повторно за италијанскиот првак, а не да замине во Реал Мадрид. Зделката сепак е комплексна и главниот проблем е платата на Погба, кој добива по 15 милиони евра по сезона во Англија. Раководството на Јувентус се обидува да најде начин да ги исполни неговите барања пред да продолжи со преговорите со Манчестер Јунајтед.

Read More

Поранешниот претседател на УЕФА, Мишел Платини, кој вчера сведочеше пред француските власти, доби дозвола да си оди дома. Во вторникот фудбалската легенда беше повикан да даде исказ пред полицијата во врска со сомневањата за корупција во врска со изборот на Катар за домаќин на Светското првенство во 2022 година. По цел ден поминат во полиција, дури синоќа Платини беше пуштен од притвор. Изборот на арапската земја за домаќин на СП 2022 година предизвика многу критики од експертите и од медиумите, поради несоодветноста на земјата за организација на ваков настан. Ова не е прво обвинение против Платини, кој има забрана до…

Read More

Максималниот износ кој Манчестер Јунајтед е подготвен да го понуди за дефанзивецот на Лестер, Хари Мегваер, е 40 милиони фунти. Оваа вест челниците на „црвените ѓаволи“ веќе им ја соопштиле на своите колеги од Лестер. „Лисиците“, пак, сакаат најмалку 80 милиони фунти за 26-годишниот дефанзивец. Ако Манчестер Јунајтед се согласи со ваквите услови, тогаш овој договор може да го направи Мегваер најскап дефанзивецт во светот.

Read More

Играчот од средниот ред на Севиља, Максим Гоналон, го објави своето враќање во Рома. Францускиот фудбалер одигра само една сезона во Шпанија како позајмен фудбалери, по што реши да се врати во Италија. „Времето во Севиља ми даде многу … Открив нов клуб, необичен градски и фудбалски стил кој ме фасцинира. Ви посакувам се најдобро“, напишал Гоналон на социјалните мрежи. Гоналон е дел од Рома од 2017 година, но останува неизвесно дали ќе биде дел од тимот за слената сезона или ќе мора повторно да ја менува средината.

Read More

Бразил не успеа да ја победи Венецуела во синоќешниот меч до 2. коло во групата „А“ на Копа Америка. Во натпреварот одигран ана стадионот „Фпрте Нова“ во Салвадор, дуелот заврши без постигнат гол – 0:0. Интересено е што во второто полувреме на мечот Бразил двапати ја трееше мрежата на Венецуела, но судијата и двапати ги поништуваше головите со асистенција на ВАР системот. По ова коло Бразил е на врвот на табелата во групата со 4 бода, колку што има и Перу. Во 3. коло директниот дуел на овие две селекции ќе го одреди лидерот во групата. GOAL!! Brazil 0- 0…

Read More

Горан Пандев останува во Џенова и следната сезона. Како што соопшти познатиот новинар Џанлука Ди Марцио, потписот бил ставен на нов договор и ќе стане реалност во текот на наредните денови. Според Ди Марцио продолжувањето на соработката ќе биде само за една сезона, која за македонскиот напаѓач ќе биде петта во дресот на џеновјаните.

Read More

Атлетичарката од Бахреин, Јунис Џепкири Кирва, носителка на сребрен медал од ЛОИ во Рио 2016 година, е суспендирана на 4 години поради користење недозволенис тимуланси. Родената Кенијка која трча под знамето на Бахреин била фатена со ЕПО (еритропоетин) во крвта при анализите направени на 7 мај оваа година. 35-годишната атлетичарка на ЛОИ во Рио пред 3 години беше сребрена зад Кенијката Сумгонг која заврши на првото место.

Read More

19-годишниот фудбалер на Бенфика, Жоао Феликс е пред трансфер во Атлетико Мадрид. Според португалскиот весник „Рекорд“, тој денеска пристигнува во Мадрид каде треба да го потпише договорот. Атлетико Мадрид ќе ја плати откупната клаузула која изнесува 120 милиони евра, а фудбалерот ќе добие годишна плата од шест милиони евра. Жоао Феликс минатата сезона постигна 15 голови за Бенфика и имаше и девет асистенции. Се поврзуваше со повеќе клубови, но веројатно ќе заврши во Атлетико Мадрид.

Read More