Максималниот износ кој Манчестер Јунајтед е подготвен да го понуди за дефанзивецот на Лестер, Хари Мегваер, е 40 милиони фунти. Оваа вест челниците на „црвените ѓаволи“ веќе им ја соопштиле на своите колеги од Лестер.
„Лисиците“, пак, сакаат најмалку 80 милиони фунти за 26-годишниот дефанзивец. Ако Манчестер Јунајтед се согласи со ваквите услови, тогаш овој договор може да го направи Мегваер најскап дефанзивецт во светот.