Една од најголемите ѕвезди во НБА лигата, Кевин Дурант ќе пропушти голем дел од следната сезона поради тешката повреда. Кошаркарот на Голден Стејт има сериозна повреда на Ахиловата тетива и ќе мора да се опоравува меѓу 7 и 10 месеци. „Операцијата помина успешно и веднаш почнувам со рехабилитација. Ви благодарам за поддршката. Кошаркарска е мојата најголема љубов и сакам да сум на теренот и да им помогнам на моите соиграчи. Знам дека моите браќа можат да победат на шестиот натпревар. Ќе стискам палци“, напиша Кевин Дурант на својот Инстаграм профил.
Author: saso
Напаѓачот на Атлетико (М), Антоан Гризман ќе стане фудбалер на Барселона. Веста ја потврди извршниот директор на Атлетико, Мигел Ангел Хил Марин за каталонскиот весник „Спорт“. „Од март знаеме дека Гризман ќе оди во Барселона”, изјавил Марин. Пред само неколку дена, фудбалерот за француската телевизија изјави дека е целосно свесен за тоа каде ќе продолжи да игра по заминувањето на Атлетико Мадрид, но засега нема потврда на трансферот. Најверојатно, трансфер на Гризман ќе се случи по 1 јули. Причина за тоа е неговата клаузула во која неговата цена по 1 јули ќе падне од 200 на 120 милиони евра. Тогаш…
Новиот тренер на Рома, Паоло Фонсека, ќе се обиде како прво свое засилување во тимот да го донесе Бразилецот од Манчестер Јунајтед, Фред. Тој е негов поранешен играч од Шахтјор, кој минатава сезона не се наигра во Премиерлигата. Тие работеа заедно во Шахтјор Донецк меѓу 2016 и 2018 година, а потоа Бразилецот беше продаден на Манчестер Јунајтед за сума од 59 милиони евра. Минатата сезона, Фред одигра 25 натпревари за Јунајтед со 1 гол и 1 асистенција. Вредноста на 26-годишниот Бразилец е 35 милиони евра, но тој има активе договор со Манчестер Јунајтед до 2023 година.
Францускиот шампион ПСЖ се надева дека ќе успее да го продолжи договорот со напаѓачот Единсон Кавани . ПСЖ ќе потпише нов договор со уругвајскиот напаѓач за една година. Кавани веќе доби усна понуда, а официјалните преговори ќе започнат наскоро. Кавани игра за ПСЖ од летото 2013 година, кога дојде од Наполи. Трансферот изнесуваше 64,5 милиони евра, а минатата сезона, 32-годишниот Уругваец одигра само 21 натпревар во пренството, затоа што во добр дел од сеозната се мачеше со повредите. Претходно беше објавено дека Кавани може да оди во Атлетико Мадрид, но очигледно од овој трансфер нема ништо.
Германски Ајнтрахт веќе го обезбеди првото поголемо засилување за новата сезона. Последните информации велат дека Ајтрахт добива нов голман во името на Кевин Трап, моментно актуелен голман на екипата на ПСЖ. Трап и минатата сезона беше дел од тимот, но како позајмен играч. „Трап е многу важен играч за тимот и ние ќе направиме се за да потпишеме договор со него“, изјави претседателот на Ајнтрахт во интервју за германскиот спортски магазин „Кикер“. Во сезоната 2018/19 за Ајнтрахт, Трап одигра 43 натпревари. Износот на трансферот треба да изнесува 9 милиони евра.
Машката ракометна репрезентација на Македонија многу потешко од очекувањата славеше на гостувањето во Ескишехир против Турција со 25:26 (13:11) и успеа и официјално да гоз авери пласманот на ЕП 2020. Откако во првиот дел успеавме да направиме разлика од 4 гола, дозволивме Турција комплетно да ни се врати во игра, па дури на крајот на првиот дел да замине со предност од два гола. И на стартот на вториот дел Турците играа цврсто, ние правевме многу технички грешки, а разликата се движеше меѓу 2 и 3 гола во полза на домашните. Конечно во последните 10 минути успеавме да влезме во…
Шпанецот Давид Хосе Писонеро ќе биде нов тренер на европскиот шампион Вардар. Денеска и официјално, „црвено-црните“ го потврдија неговото име. Тој ќе је преземе екипата летово и ќе ги води вардарци во одбрана на европската титула. Писонеро доаѓа од Ваљадолид, каде беше тренер последниве две сезони. Како тренер почнал во Ваљадолид, а во помладите категории бил првак на Шпанија со кадети и младинци. Бил и со репрезентацијата на Шпанија како дел од младинскиот тим на СП 1993 година во Египет. „Верувам дека клубот бараше некои карактеристики за наследник на Парондо во кои и јас се гледам себе си, и стил…
Португалскиот фудбалски стратег, Паоло Фонсека и официјално е нов тренер на италијанска Рома. Утрово веста ја потврди и официјалниот сајт на клубот. Договорот за стратегот е составен на две години, со опција за продолжување на уште една. Претходните три сезони, Фонсека работеше во Шахтјор Доњецк со кој во период од три години успеа трипати да го освои првенството на и трипати да биде победник на Купот. „Многу сум среќен што ја добив оваа работа. Му благодарам на клубот за можноста да се докажам. Јас сум ентузијаст и мотивиран од предизвиците што ги добивам. Верувам дека ќе можеме да создадеме нешто…
Македонската фудбалска репрезентација синоќа претрпе тежок пораз во Скопје во рамките на квалификациите за ЕП. Австрија си замина со победа од 4:1, а по мечот, ретко кој од нашите репрезентативци сакаа да зборуваат за мечот. Меѓу оние кои собраа сила да проговорат за она што се случуваше на теренот беше десниот бек Стефан Ристовски. „Можам само да кажам, сите главата доле и на работа! Треба да се запрашаме зошто ова ни се случува. Ова не е пораз, ова е дебакл. За мене дресот на репрезентација е нешто свето и ако во клубовите даваме 100, тука треба да играме со 200…
Дамир Стојановиќ е нов тренер на РК Металург. Веста ја потврди и клубот, откако деновиве се појавија информации за негово назначување на кормилото на еден од најдобрите макеоднски клубови во последнава деценија. Стојановиќ е искусен во работата со млади категории ракометари, па ќе добие шанса да направи една добра селекција на ракометари кои ќе го понесат товарот следната сезона. Својата тренерска кариера ја почнал со младите категории во Земун, а потоа во 2015 година седна на клупата на израелскиот состав Хапоел. Изминатава сезона го предводеше унгарскиот состав Вечасу.
