Author: saso

Македонските ракометари денеска заминуваат за Ескишехир, каде што утре попладне од 18 часот ќе го одиграат претпоследниот натпревар од квалификациите за Европското првенство 2020 година. Со победа избраниците на Брестовац ќе го потврдат пласманот на европскиот шампионат,  па пото аќе стане само да се завршат квалификациите со последниот меч закажан за в недела во Струмица против селекцијата на Грција. Селекторот од поширокиот список за мечот во Турција ги изостави Мартин Манасков, Горан Крстевски, Филип Арсеновски, Мартин Томовски и Мартин Серафимов, а поради повреда нема да настапи Дејан Манасков.

Read More
NBA

Бранителот на трофејот во НБА лигата, Голден Стејт успеа да направи брејк на гостувањето кај Торонто и да ја одложи промоцијата на новиот НБА шампион. Во петтиот финален меч, Воините славеа на гости со 106:105 и намалија на 2-3 во победи. Во исклучително драматичен дуел на крајот Канаѓаните го имаа последниот напад, но Кавај Леонард не успеа да реализира откако беше изблокиран од Дрејмонд Грин. Кај гостите одлично издание имаа „тројкашите“ Кари и Томпсон кои заедно постигнаа 12 тројки. Најефикасен беше Стеф Кари со 31 поени, додека Томпсон постигна 26. Шестиот  натпревар е закажан за ноќта меѓу четврток и петок…

Read More

Шпанската фудбалска репрезентација синоќа ја совлада Шведска со 3:0 во квалификацискиот натпревар за Евро 2020, а со тоа го продолжи рекордот на непобедливост кога игра на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Имено, ова беше осма победа во последните осум натпревари на на стадионото на Реал Мадрид во последниот век. Последен пат Шпанците загубија меч на „Сантијаго Бернабеу“ пред повеќе од 32 години. Тоа се случи на 18 февруари 1987 година, во натпревар против Англија (2:4).

Read More

Македонската ракометна репрезентација продолжува со подготовките во Скопје пред дуелот во Ескишехир со Турција. Селекторот Брестовац денеска очекува комплетирање на репрезентацијата со доаѓањето на Талески и Лазаров. Во изјава за Спортското радио 90.3 за текот на подготовките вели: „Попладне на тренингот треба да бидеме комплетни. Се надевам дека ќе успееме да го задржиме овој здраствен билтен добар се до мечот во Турција. Остануваат уште два меча во кој реално сме фаворити, но тоа треба да се потврди и на теренот. Важно е ние со каква сериозност ќе влеземе во мечот. Изненадувања секогаш има, знаеме како минавме со Грција, но сепак…

Read More

Искусното холандско крило од екипата на Баерн (М), Ариен Робен, може да ја продолжи својата кариера во Лацио. Според информации во италијанските медиуми, 35-годишниот играч веќе имал контакт со римскиот клуб. Робен се раздели со Баерн по 10 години поминати на „Алианц Арена“. Засега се уште нема информација за тоа каде ќе ја почне новата сезона, но ако контактот со Лацио се покаже како реален, „римските орли“ во него можат да добијат едно навистина искусно име.

Read More

Боксерската репрезентација на Македонија во возрасната категорија  деца , боксери родени 2005 и 2006 година , ќе настапи на Меморијалниот  меѓународен турнир „А.Климанов“ во Харков. На турнирот  ќе настапат  Петар Арсовски и Марија Мацеска во категоријата 38,5 кг. Овој силен меѓународен турнир е генерална подготовка пред Европското првенство во Тбилиси, Грузија кое ќе се одржи во август. Нашите боксери се предводени од Мумин Вели и Александар Арсовски  како тренери кои изјавија дека ова е одлична можност да се види со каков капацитет и иднина располагаме. Турнирот започнува од денеска  и ќе трае до крајот на неделата.

Read More

Реал Мадрид е подготвен да се раздели со обанзивниот бек, искусниот  Марчело, доколку успее овој летен преоден рок во тимот да го обезбеди Ферлан Менди од Олимпик Лион. Реал наводно веќе понудил сума од 50 милиони евра за 24-годишниот Менди и се надева дека наскоро ќе го финализира трансферот. Марсело игра на “Сантијаго Бернабеу” од 2007 година и има 486 натпревари за „кралскиот“ клуб. За него интерес имаше од Јувентус, кој се уште чека да види каков ќе биде статусот на Бразилецот.

Read More

Холандија не го покажа сиот свој потенцијал во финалето на Лигата на нации синоќа, изјави селекторот Роналд Куман по поразот со 1:0 од Португалија. Тој додаде дека “лалињата” немале креативност, а Португалците покажале токму таква игра. „Сакавме да излеземе на теренот и да притиснеме со напад, но очигледно не го направивме тоа. Не бевме доволно добри. Можеби сум премногу негативен, гледајќи ја комплетно целата игра на овој турнир до овој момент. Знаевме сепак дека треба да го покажеме нашиот најдобар фудбал, но не го направивме тоа денеска“, вели Куман.

Read More

Кошаркарите на МЗТ Скопје славеа со убедливи 80-44 во првиот меч од финалната серија на домашниот шампионат. Во меч во кој гостите одиграа само една четвртина и другите три како да ги преспаа, за домашните победата дојде повеќе од заслужено. Резултатот на крајот зборува повеќе од се она што се случуваше на теренот. Дамјан Стојановски со 17 и Магдевски со 13 поени беа најефикасни кај МЗТ Скопје, додека кај Работнички Јанески постигна 13 поени.

Read More

Македонската фудбалска репрезентација вечерва од 20:45 минути ќе го одигра третиот квалификациски меч за пласман на следното Европско првенство 2020 година. Во Скопје гостува лидерот Полска, кој по две кола е со максимален ефект 6 освоени бода. За нашата репрезентација ова ќе биде четврти меѓусебен дуел со Полјаците против кои досега никогаш не сме славеле. На досегашните три меча имаме два порази и едно реми. Фудбалерите истакнуваат дека се подготвени за предизвикот и сакаат да се надигруваат со ѕвездите во полскиот национален тим. Капитенот Пандев пред мечот изјави дека сите се подготвени за мечот и со нетрпение го чекаат првиот…

Read More