Кошаркарите на МЗТ Скопје славеа со убедливи 80-44 во првиот меч од финалната серија на домашниот шампионат. Во меч во кој гостите одиграа само една четвртина и другите три како да ги преспаа, за домашните победата дојде повеќе од заслужено.
Резултатот на крајот зборува повеќе од се она што се случуваше на теренот. Дамјан Стојановски со 17 и Магдевски со 13 поени беа најефикасни кај МЗТ Скопје, додека кај Работнички Јанески постигна 13 поени.