Author: saso

Италијанскиот судија Џанлука Роки, ќе биде делител на правдата на петочниот квалификациски меч во Скопје меѓу репрезентациите на Македонија и Полска. Италијанецот го судеше и мечот од Супер Купот пред две години во Скопје, што значи дека ова за него нема да биде прва арбитража на нашата Национална арена. Македонија и Полска в петок го играат мечот од 3. коло во квалификациската група за пласман на ЕВРО 2020.

Read More

Потпретседателот на Бразилската фудбалска конфедерација Франсиско Новејето во интервју за бразилските медиуми навести дека постои веројатност Нејмар да одбие учество на Копа Америка. Тој рече дека со оглед на она што му се случува во приватниот живот голема е веројатноста да побара да биде ослободен од репрезентативните обврски. „Ако Нејмар одлучи да учествува во Копа Америка, тој нема да биде 100% психолошки подготвен. Тој покажа голема желба за време на Светското првенство во 2018 година. Замислете го сега со овој емоционален набој. Мислам дека секој ќе се согласи тој да земе одмор“, изјавил потпретседателот на бразилската федерација.

Read More

Европската ракометна федерација (ЕХФ) го објави календарот за новата ракометна сезона 2019/20 година. Според истиот, завршницата на сезоната со Ф4 турнирот во Келн потворно ќе се поклопи со одигрувањето на финалето од фудбалската Лига на шампиони. Петта година по ред ќе дојде до поклопување на завршниот турнир на Лигата на шампионите во ракомет во Келн и финалето на Лигата на шампионите во фудбал. Ракометарите ќе играат за европска титула на 30 и 31 мај 2020 година, а финалето на Лигата на шампионите во фудбал во Истанбул е закажано за 30 мај.

Read More

Португалија и Швајцарија денеска ќе се серетнат во полуфиналето на Лигата на нациите во рамките на квалитативната група „А“. Дуелот е закажан за вечерва во 20.45 часот, а победникот ќе се соочи со подобриот од утрешниот меч меѓу Холандија и Англија во големото финале. Дебито на турнирот ќе го направи ѕвездата на актуелниот европски шампион Кристијано Роналдо, кој не настапуваше во првата фаза од натпреварувањето. „Очекуваме тежок натпревар меѓу двајца противници кои сакаат да ја држат топката. Швајцарија, исто така, сака да игра со долги топки, но наша работа е да размислуваме за себе. Играме дома и сакаме да ги…

Read More

Манчестер Сити ќе се обиде да го победи Реал Мадрид во трката за потписот на младиот јапонски талент Такефуса Кубо. Напаѓачот, кој вчера наполни 18 години, си заминал од академијата на Барселона, па сега е на мета на останатите европски гиганти. Јапонскиот Меси, како што го нарекуваат медиумите, беше дел од академијата на во Барселона, но мораше да си оди откако каталонците беа прогласени за виновни дека нелегално купувале малолетни играчи. На возраст од 18 години, тој сега треба да одбере каде ќе ја продолжи кариерата. Меѓу кандидатите за негов потпис се Манчестер Сити, Реал Мадрид и ПСЖ.

Read More

Капитенот на Евертон, Фил Џагелка, по 12 години минати на „Гудисон Парк“ го напушти клубот. Договорот на 36-годишниот дефанзивец истекува и истиот нема да биде обновен. „Ситуацијата околу мојата иднина не беше јасна, бидејќи досега од клубот немаа конечна одлука. За жал мојот пат во Евертон заврши по 12 фантастични сезони. Имав среќа да одиграм над 380 натпревари, да бидам капитен на тимот  шест години. Сакам да им се заблагодарам на сите фудбалери со кои сум играл, на претседателот и на неверојатните навивачи“, напиша поранешниот англиски репрезентативец на својот Инстаграм профил. Џагелка одигра само седум натпревари во последната сезона.

Read More

Очекувајќи ги ракометарите на Вардар да пристигнат со шампионскиот пехар во Скопје, денеска се појавија и првите шпекулации околу тренерот кој ќе го наследи Роберто Гарсија Парондо на кормилото на „црвено-црните“ следната сезона. Според пишувањат ан асловенечкиот весник „Дело“, главен фаворит за кормилото е Урош Зорман, кој работеше како помошник во словенечката репрезентација, но беше помошник и на талант Дујшебајев. Според други извори, во Вардар може да се врати и Веселин Вујовиќ, кој веќе е познато и посакувано име од фановите на Вардар. Изборот ќе биде направен откако ќе спласне еуфоријата по новата европска ракометна круна.

Read More

Снимки кои ќе останат историја! Вардар ја слави новата европска ракометна титула. Историјата се повтори. По 2017 година, „црвено-црните“ повторно го освоија Стариот Континент и ја фрлија ракометна Европа во ново чудо. Wild celebrations from an ecstatic @HCVardar who cap off their season with the VELUX EHF FINAL4 title 🏆#veluxehfcl #ehffinal4 #hellocologne pic.twitter.com/nHMQCJgVrk — EHF Champions League (@ehfcl) June 2, 2019 The @HCVardar fans are going wild – 21 minutes in and their team hold a 13:9 lead over @mkbveszpremkc #veluxehfcl #ehffinal4 #hellocologne pic.twitter.com/5tMMuqiu4G — EHF Champions League (@ehfcl) June 2, 2019

Read More

Ракометарите на Вардар ја покорија Европа!. Вардар е новиот европски шампион! Македонија повторно има европски првак! Во големото финале на ракометната Лига на шампиони, неверојатниот „црвено-црн“ тим го прегази големиот унгарски ривал Веспрем со 27:24 и по вторпат за три години се искачува на европскиот ракометен Олимп. Перфектна, агресивна одбрана на вардарци, креативен напад, и големо срце. Тоа го красеше Вардар и денеска во ова големо финале. Без разлика на се што се случуваше во тимот оваа сезона, Вардар ги урна сите очекувања. Она што никој не го очекуваше од нив, се случи. 6 гола на Мораеш, 5 на Чупиќ…

Read More