Ракометарите на Вардар денеска попладне заминуваат за Келн, каде викендов ги очекува уште еден настап на завршниот турнир од Лигата на шампионите. „Вардарци“ утринава тренираа во Скопје, по што ќе ги пакуваат куферите и заминуваат за Германија. Првите обврски на фајнл-форот во Лигата на шампионите вардарци ги имаат веќе утре на средбата со новинарите, како и официјалното отворање закажано за утре попладне пред „Ланксес“ арената.
Author: saso
Еден Азар, веројатно го одигра последниот меч за Челзи. Тој во иднина ќе го носи дресот на Реал Мадрид, а тоа не го криеше и на прославата по победата над Арсенал во Баку синоќа: „Игравме добро, ја контролиравме играта и среќен сум што со момците го освоивме трофејот. За иднината? Не знам, ќе одлучам следните неколку дена. Јас ја донесов одлуката, и сега останува меѓу двата клуба. Мислам дека ова е збогум, но во фудбалот никогаш не се знае. Мојот сон беше да играм во Премиерлигата, но сега можеби е време за нов предизвик“, рече Азар.
Фудбалерите на Арсенал и синоќа не успеаја да дојдат до европски трофеј, откако загубија и четврто европско финале едноподруго. Претходно дури четирипати стигнуваа до финале и до шанса да се закитат со меѓународна титула, но по оној трофеј во 1994 година и тоа во некогашниот Куп на победниците на Куповите, „топчиите“ единствно не успеваат да добијат ниту едно финале во Европ. Во 1995 година во финалето на КПК на „Паркот на принцовите“ во Париз подобар од нив беше шпанската Сарагоса (2:1). Во 2000 година во финалето на Купот на УЕФА изгубија од Галатасарај на пенали (4:1), за во 2006 година…
Пионерите на ФК Вардар на отварањето на силниот меѓународен турнир „Кварнерска Ривијера 2019“ остварија прва победа. „Црвено-црните“ под водство на Игор Кралевски во првото коло славеа над силниот состав на домаќинот на турнирот, екипата Ријека со 1:0. Единствениот гол беше дело на Леонид Игнатов, кој успеа да го матира противничкиот голман со удар од повеќе од 25 метри. Вардар имаше уште една голема прилика во првиот дел, кога капитенот Омерагиќ ја погоди стативата од голот на Ријека. За Вардар на оваа средба настапија: Китановски, Петејчук, Радуловиќ-Величковиќ, Манасиевски, Крстевски, Асани, Гугуљанов, Салиу, Речица, Игнатов, Омерагиќ (c). Играа и: Мицевски, Костовски и…
Македонската фудбалска репрезентација полека се собира во Скопје за престојните квалификациски средби со Полска и Австрија кои гостуваат на Националната арена „Филип Втори“ во Скопје на 7 и 10 јуни. Нашата најдобра репрезентација првиот дел од подготовките ги започна без капитенот Горан Пандев, клупски обврски се уште имаат голманите Илиев и Шишковски, додека Адеми, Николов, Алиоски и Трајковски утре ќе бидат во стројот на селекторот Игор Ангеловски. Мала повреда на задната ложа има Дарко Велковски, но дефанзивецот на хрватска Ријека е во тренажен процес. Македонската репрезентација утре има тренинг во 10:30 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“, на 30. (четврток) …
Македонската фудбалска репрезентација на 7. и 10. јуни против Полска и Австрија ги продолжува Европските квалификации за пласман на ЕУРО 2020. По триумфот над Летонија и освоениот бод во Љубљана против Словенија, македонската репрезентација на Националната арена „Тодор Проески“ ќе се соочи со фаворитите во групата, репрезентациите на Полска и Австрија. Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација со фер и коректно навивање да им помогнат на „Рисовите“ да дојдат до вредни бодови и дополнително да се приближиме кон врвот во квалификациската група за пламан на ЕУРО 2020. Верните навивачи на нашата најдобра репрезентација од денеска…
Нико Ковач ќе остане на кормилото на Баерн (М) и следната сезона, но неговиот помошник Патрик Херман ќе го напушти Баерн. Веста официјално беше потврдена од извршниот директор Карл-Хајнц Румениге. Според некои вести во Германија, Херман може да стане спортски директор на Нирнберг. Тој веќе бил во составот на Нирнберг во сезоната 2008/09, но како помошник тренер, а сега има конкретна понуда да ја преземе директорската позиција. Тренерот Нико Ковач ја доби поддршката од Румениге и Ули Хенес, па и двајцата по куп финалето потврдија дека Хрватот останува во Минхен и за следната сезона.
Во пресрет на дуелите со селекцијата на Словенија, денеска во СЦ „Борис Трајковски“ својот прв собир го имаше женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија. Ракометарките предводени од селекторот Симе Симовски, денеска почнаа да ги одработуваат тренинзите до првиот меч со Словенките закажан за в недела. „Уште кога беше ждрепката рековме дека Словенија не е Данска или Норвешка, но селак се силна селекција. Ако ги видите нивните настапи на последните турнири, ќе видите дека е репрезентација за респект. Ние ја посакувавме, но без разлика што во моментов се фаворити, ние немаме намера да се предадеме. Она што јас го посакувам, тоа…
Тимот на Аталанта заврши на третото место во Серија А оваа сезона и обезбеди историски настап во групната фаза од Лигата на шампионите. Со вчерашната победа над Сасуоло од 3:1 момците од Бергамо се изборија за место во одбраното европско друштво. Покрај Аталанта оваа сезона од Серија А во ЛШ ќе играат и шампионот Јувентус, второпласираниот Наполи, како и Интер кој во последен момент со победата над Емполи го потврди 4. место на табелата. За жал, токму Емполи кој загуби од Интер, заедно со Фрозиноне и Киево следната сезона се селат во Серија Б. Џенова на Горан Пандев со ремито…
Тренерот на ПСЖ Томас Тухел изјави дека не може да гарантира дека Нејмар и Килијан Мбапе ќе останат во тимот следната сезона, иако неговата желба е токму таква. Младиот Французин минатата недела изјави дека сериозно размислува за иднината, а пак Бразилецот е силно посакуван од Реал (М). Засега и двајцата се на мета на најголемите европски тимови и не се знае што се може да се случи на трансфер пазарот ова лето. „Работите се такви какви што се. Има многу шпекулации, но за жал не можам да гарантирам дека Нејмар и Мбапе ќе останат кај нас и следната сезона, бидејќи…
