Ракометарите на Вардар денеска попладне заминуваат за Келн, каде викендов ги очекува уште еден настап на завршниот турнир од Лигата на шампионите. „Вардарци“ утринава тренираа во Скопје, по што ќе ги пакуваат куферите и заминуваат за Германија.
Првите обврски на фајнл-форот во Лигата на шампионите вардарци ги имаат веќе утре на средбата со новинарите, како и официјалното отворање закажано за утре попладне пред „Ланксес“ арената.