Author: saso

Боксерот Адријан Аземи ќе ја претставува Македонија на европското првенство во Галати, Романија во кадетска конкуренција. Шампионатот се одржува од денеска до 2 јуни во Галати, Романија. Македонија ќе настапи со само еден, во категоријата до +81 килограм. Аземи имаше извонреден настап на силниот меѓународен турнир „Емил Жечев“ во Бугарија каде освои златен медал и претставува голема надеж на македонскиот бокс. Противникот на Аземи ќе биде познат денеска по официјалните мерења и ждрепката. Во делегацијата на репрезентацијата на Македонија се и тренерите, Петре Чулриновски, Насер Харуни и Васко Цубалевски.

Read More

Вечерва во Полска и официјално почнува светското фудбалско првенство за играчи до 20 години. Премиерните средби се играат во групите „А„ и „Б“, а Полска на отворањето како домаќин ќе го има дуелот со селекцијата на Колумбија. Англија е селекцијата која последн пат ја освои светската круна вооваа возрасна категорија, но оваа година Англичаните не успеја да се квалификуваат на првенството за да го бранат трофејот. Интересно е што на овој младински мундијал ќе ја нема и селекцијата на Бразил.

Read More

Италијанскиот шампион Јувентус ова лето веројатно ќе се раздели со герамснкиот репрезентативец Сами Кедира. Според најновите информации, за Кедира постои интерес од екипи од САД, но и од германскиот шампион Баерн (Минхен). Во тековната сезона Кедира одигра 17 натпревари и постигна два гола. Извесен период, Германецот не можеше да игра, бидејќи имаше срцева аритмија што доведе до операција која му ја продолжи кариерата.

Read More

Италијанските тимови Наполи, Рома и Интер се заинтересирани за дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо Фернандез. Според информацијата на шпанските медиуми, трите италијански тима веќе имале контакт со агентот на фудбалерот. Начо беше многу блиску до заминување од Реал Мадрид во текот на летото 2016 година и да премине во Рома, но тогаш Зинедин Зидан ја замрзна неговата продажба и дефанзивецот остана на “Сантијаго Бернабеу”. Сега ситуацијата за Начо е многу поделикатна, бидејќи изгледа дека е надвор од плановите на Зидан за следната сезона. Реал Мадрид е подготвен да ги разгледа понудите за него, а сумата на трансферот би се движела…

Read More

Барселона ќе остане без голманот Марк-Андре Тер Штеген за финалето од Кралскиот куп против Валенсија. Финалето ќе се одигра на 25 мај на стадионот „Бенито Виљамарин“ во Севиља. Германецот има повреда на коленото и ќе го продолжи со опоравување во наредните неколку недели. Лекарскиот тим на Барселона не може да го определи времетраењето на рехабилитацијата, но потврди дека Тер Штеген не ќе може да настапи во финалето на купот.

Read More

Светското првенство во Катар во 2022 година и официјално ќе има 32 репрезентации. Веста ја потврди светската куќа на фудбалот, ФИФА. Предлогот на претседателот Џани Инфантино, за зголемување на бројот на репрезентации на шампионатот до 48 е не можно да се реализира во оваа фаза и тој ќе стапи на сила за СП 2026 година. „По тежок и широк процес на дискусија во кој беа вклучени сите вклучени земји, беше прифатено дека во сегашните услови не може да се воведе ваков формат на првенството”, изјавија од ФИФА. Така, првото светско првенство со 48 селекциии ќе биде во 2026 година, кое…

Read More

Академија Пандев е годинешниот освојувач на Купот на Македонија. Во 27. Финале, струмичани по подоброизведување на пенали ја совладаа екипата на Македонија ЃП, откако по 120 минути игра, средбата заврши нерешено, 2:2. Од првата минута мечот донесе големи возбудувања, но и група игра на двете страни. На прв гол се чекаше се до 10. минута, кога атрактивно погоди Сашко Пандев за водство на Академија Пандев со 1:0. Во 21. минута, „лавовите“ изедначија на 1:1, откако Робсон да Силва погоди со одлично изведе слободен удар. И по одморот, гледавме добар фудбал. Сепак, вистинските возбудувања дојдоа на самиот крај. Во 84. минута…

Read More

Три дена по последниот меч оваа сезона, Борусија (Дортмунд) го објави својот прв трансфер. Дефаизивецот на Хофенхајм, Нико Шулц е првото ново засилување за „милионерите“. Германскиот репрезентативец ќе го чини тимот 25 милиони евра. Левиот бек потпиша договор со Борусија (Д) до 2024 година. 26-годишниот фудбалер блескаше со 9 асистенции и 1 гол во 37 натпревари на сите турнири во тековната сезона.

Read More

Арсенал и официјално потврди дека ерменскиот репрезентатовец Хенрих Мхитаријан нема да патува на финалниот натпревар од Лигата на Европа со Челзи во Баку. „Ние сме разочарани што мора да објавиме дека Мхитарјан нема да оди со тимот на финалето на Лигата на Европа со Челзи. Внимателно ги проучивме сите опции за негов настап, но по разговорот за ова прашање со Мхитаријан и неговото семејство решивме дека е подобро да не оди во Баку. Напишавме писмо до УЕФА и изразивме длабока загриженост за оваа ситуација. Мхитаријан беше клучен играч за нас, па оваа голема загуба во финалето нема да можеме да…

Read More

Кадетскиот тим на Работнички е новиот освојувач на Купот на Македонија. Денеска во финалниот меч одигран на теренот на ФФМ, младите надежи на „романтичарите“ славеа убедливо против своите врсници од Шкендија со 4:0. Попладнево на тренинг центар „Петар Милошевски“ ќе се одигра и финалето во младинска конкуренција, каде силите ќе ги одмерат младинците на Шкендија и Вардар.

Read More