Вечерва во Полска и официјално почнува светското фудбалско првенство за играчи до 20 години. Премиерните средби се играат во групите „А„ и „Б“, а Полска на отворањето како домаќин ќе го има дуелот со селекцијата на Колумбија.
Англија е селекцијата која последн пат ја освои светската круна вооваа возрасна категорија, но оваа година Англичаните не успеја да се квалификуваат на првенството за да го бранат трофејот. Интересно е што на овој младински мундијал ќе ја нема и селекцијата на Бразил.