Светското првенство во Катар во 2022 година и официјално ќе има 32 репрезентации. Веста ја потврди светската куќа на фудбалот, ФИФА.
Предлогот на претседателот Џани Инфантино, за зголемување на бројот на репрезентации на шампионатот до 48 е не можно да се реализира во оваа фаза и тој ќе стапи на сила за СП 2026 година.
„По тежок и широк процес на дискусија во кој беа вклучени сите вклучени земји, беше прифатено дека во сегашните услови не може да се воведе ваков формат на првенството”, изјавија од ФИФА.
Така, првото светско првенство со 48 селекциии ќе биде во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико.

