Author: saso

Поранешниот фудбалер на Барселона и Арсенал, Силвино ќе биде назначен за нов тренер на Олимпик Лион, објавија француските медиуми. Изминатиот месец Силвињо ја презеде младинската репрезентација на Бразил до 23 години за Олимпијадата во Токио, но според францускиот печат, 45-годишниот стратег веќе е ослободен од оваа позиција и ќе го наследи Бруно Женезио на чело на Олимпик Лион. Тој се согласил со раководството на тимот за двегодишен договор.

Read More

Португалскиот стратег Жозе Мурињо изјави дека се надева дека ќе се врати на тренерската работа ова лето. „Имам многу квалитети и еден од нив е да ги почитувам другите клубови и нивните раководства. Никогаш не сум обелоденувал дека некој клуб ме сака и се поврзал со мене. Кога го напуштив Манчестер Јунајтед во декември, веднаш решив да се вратам на работа ова лето”, изјавил Мурињо. „Се надевам дека ќе се вратам на тренерската работа во јули со проект кој навистина ми се допаѓа”, дополнил тој. 

Read More

Ракометарите на Вардар и Металург остварија очекувани победи на денешните средби од новото коло во Суперлигата. Вардар пред своја публика славеше со 28:20 над екипата на Бутел, додека металург во автокоманда славеше поубедливо над екипата на Пролет со 41:27. Со комбиниран состав Вардар успеа да го совлада солидниот гостински тим на Бутел во меч во кој одлуката се чини падна уште во првиот дел кога Вардар направи разлика од 6 гола. Металург, пак, континуирано ја зголемуваше разликата против пролет за на крајот да обезбеди убедлива победа од 14 гола разлика.

Read More

Јуниорите на МЗТ Скопје Аеродром ја освоија шампионската титула во возрасната категорија до 18 години откако во рамки на финалниот натпревар од завршниот турнир ги надиграа противниците од Партизан Мулти Шпед (2). На младите кошаркари не им беа доволни 40 минути за конечна разврска, па шампионот се одлучи во пет минути дополнителна игра. Резултатот односно шампионот се реши во последните неколку секунди зад линијата за три поени од која како победници изегоа младите момци на Горан Крстевски. МЗТ славеше победа со 82-83. Кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром, Виктор Исајлоски, се здоби со признанието најкорисен играч (MVP) на финалето.

Read More

По исфрлањето на Палермо од Серија Б, нашиот голгетер Илија Несторовски е на пат да се пресели во нов тим. Според последните информации од Италија, најнов интересент за нашиот репрезентативец е екипата на Парма. Спортскиот директор на Парма Кристијано Фаџајано наводно му порачал на голгетерот дека ако е подготвен да си замине, би бил добродојден во Парма. Покрај Парма, за него има интерес и од Болоња.

Read More

Според новинарот на француската „Канал Плус“ телевизија, Филипе Карајон, Реал Мадрид наводно ги започнал преговорите со напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах. „Зинедин Зидан не сака да го доведе само Еден Aзар во клубот. Постојат одредени контакти меѓу Реал и Мохамед Салах“, тврди Карајон. Во Ливерпул не сакаат да коментираат за евентуално заминување на дел од фудбалерите, особено не пред финалето во ЛШ, но јасно е дека одредени напади на нивните голгетери Салах и Мане може да се очекуваат.

Read More

Францускиот фудбалски шампион ПСЖ ќе се обиде да донесе нов италијански чувар на голот за следната сезона. Според информации од Италија, парижани се подготвени да платат 50 милиони евра за голманот на Милан, Џанлуиџи Донарума. Доаѓањето на Донарума во голема мера ќе зависи од пласманот на Милан во првенството оваа сезона. Доколку „росонерите“ не успеат да обезбедат место кое води во Лигата на шампионите, тие речиси сигурно ќе треба да се разделат со некои од најдобрите играчи за да влезат во финансискиот фер-плеј. Ако Донарума, сепак, остане во Милано, втора опција за засилување на голманската позиција е 32-годишниот чувар на…

Read More

Напаѓачот на Монако, Радамел Фалкао, може да го напушти клубот во летниот трансфер период. За потписот на колумбискиот репрезентативец се заинтересираа првите луѓе на екипата на Лил. Лил се подготвува за Лигата на шампионите за следната сезона и ќе направи се за да обезбеди добар состав и добар настап.л Николас Пепе, кој сигурно ќе биде продаден ќе мора да се замени со квалитетен напаѓач, па затоа првите луѓе на Лил сметаат на потписот на Колумбиецот.

Read More
NBA

Кевин Дурант ќе го пропушти вториот натпревар од финалната серија на Западот со Портланд поради повреда. Еден од најдобрите кошаркари на актуелните шампиони, се уште продолжува со рехабилитацијата по повредата која ја доби во полуфиналната серија. Според клупски извори, Дурант денеска ќе оди на нови прегледи кои ќе покажат каква е состојбата со него и кога евентуално би можел да се врати на терените.

Read More

Тотенхем е многу близу до ангажирање на првите две нови имиња за следната сезона. Финалистот во ЛШ веќе е во интензивни преговори за ангажман на по еден фудбалер на Барселона и Фулам, објавија британските медиуми. Според информациите, Андре Гомеш, кој ја помина сезоната во Евертон како позајмен од Барселона, ќе премине во Тотенхем со трансфер во вредност од 35 милиони фунти. Вториот нов фудбалер на Спарс ќе биде 18-годишниот Рајан Сесењон од Фулам, за кој лондончани ќе платат 25 милиони фунти.

Read More