Author: saso

Освојувачот на Купот на Македонија од минатата година, екипата на Вардар, ќе го брани трофејот во годинешново финале против екипата на Металург. Во вториот полуфинален меч на завршниот турнир од Купот во Куманово, ракометарите на Вардар славеа над Еурофарм Работник со 35:30. Битолчани се држеа до 40 минута на мечот кога Вардар одржуваше разлика од еден до два гола, но во последните 20 минути Еурофарм немше сили за изненадување. Мораеш и Скубе со по 7 гола го предводеа Вардар до утрешното финале против екипата на Металург.

Read More

Ракометарите на Металург се првиот финалист на Купот на Македонија. На завршниот турнир во Куманово, „металурзите“ беа подобри од градскиот ривал Бутел со 34-31 и со тоа обезбедија уште едно учество во финалните средби. Металург одигра одличен мечл, успеваше континуирано да го одржува ривалот на разлика од 3-4 гола и во ниту еден момент не го доведе прашањето околу победникот на овој меч во прашање. Јагуриновски со 7 гола беше најефикасен кај победникот. Во второто полуфинале вечерва играат Вардар и Еурофарм Работник.

Read More

Денеска во хотелот „Александар Палас“ во чест на 80. роденден на македонската кошаркарска легеднда, Лазар Лечиќ, беше одржана свечена академија. Пред голем број присутни, кошаркарски легенди од екс-ју просторите, македонски познати и признати спортски имиња, како и највисокиот државен врв, Лечиќ ги заслужи почестите на присутните.

Read More

Во чест на 80. роденден на легендата на македонската кошаркa, Лазар Лечиќ денеска во Скопје ќе се одржи посебна Академија. Во организација на МОК, МКФ, клубовите Работнички и МЗТ Скопје и Агенцијата за млади и Спорт, веќе пристигнаа некогашните ѕвезди на југословенската кошарка, кои во Скопје ќе му дадат посебно признание на Лечиќ за се што направи во кариерата и како игра, а особено као тренер. Академијате закажана во хотеот „Александар Палас“ со почеток во 13 часот. Меѓу говорниците на прес-конференцијата се појавија Иво Данеу, Никола Плеќаш, Ратко Тврдиќ, Мирко Новосел, Боша Тањевиќ, а ќе ги има и многу други…

Read More

Големиот херој за Тотенхем против Ајакс, Лукас Моура, тешко наоѓаше зборови од радост по фамозниот пресврт од 0:2 до 3:2 во Амстердам, со кој Спарс за првпат во својата историја се пласираа во финалето на Лигата на шампионите. „Моите емоции се наверојатни, но токму сега е невозможно да се опише како се чувствувам”, изјави Бразилецот по натпреварот. „Се гордеам со моите соиграчи, многу сум среќен од фактот што веќе сме во финалето. Тоа беше еден луд натпревар. Ова што го постигнавме, е голем дар од Господ и јас сакам да го споделам со целото семејство на Тотенхем – соиграчите, како…

Read More

Тренерот на Јувентус, Масимилиано Алегри, ќе го напушти клубот, објави авторитетниот „Спорт Медиасет“. Според објавата, стратегот и претседателот на клубот Андреа Ањели дошле до заедничка одлука дека е време за промени, особено по несогласувањтаа околи трансфер политиката. Италијанскиот специјалист е заинтересиран за опцијата да го преземе ПСЖ, но засега нема никакви конкретни најави. Антонио Конте, чија кандидатура е поддржана од Павел Недвед се споменува како адекватна замена за Алегри.

Read More

По испаѓањето на Барселона од Лигата на шампионите, раководството на клубот ќе одржи итен состанок. Според информација од шпански извори, на состанокот прва и единствена тема ќе биде судбината на главниот тренер Ернесто Валверде. Со него, каталонците две години по ред се елиминирани во нокаут-фазата на Лигата на шампионите, откако по првиот натпревар имаат добра предност, која не успеваат да ја зачуваат на реваншите. Ако има време, на состанокот ќе се разговара за уште една жешка тема – Бразилецот Кутињо. Тој е тотално разочарување оваа сезона и голема е веројатноста да биде продаден.

Read More

Напаѓачот на Ливерпул, Дивок Ориги, кој стана херој на тимот во Лигата на шампионите со двата гола на реваншот со Барселона, ќе добие нов договор со клубот. Јирген Клоп е задоволен од работата на белгискиот голгетер и тој ќе ја добие шансата за нова соработка, која веројатно нема да ја добијат Даниел Стариџ и Џердан Шаќири. Ориги има се уште важечки договор со Ливерпул кој истекува во летото 2020 година. Во тековната сезона на сите натпреварувања одигра 20 натпревари на кои постигна 7 гола и направи 2 асистенции.

Read More

Шпанскиот фудбалски титан Реал Мадрид и производителот на спортска опрема Адидас го продолжија своето партнерство за уште осум години до јуни 2028 година. „Реал Мадрид и Адидас се два од најпрепознатливите брендови во светот на спортот. Тоа е природен чекор за продолжување на нашето успешно спонзорство до 2028 година. Заедно ќе продолжиме да ја градиме оваа стратешка алијанса која ќе ни овозможи да продолжиме да бидеме репер и лидер во фудбалската индустрија“, вели претседателот на клубот, Флорентино Перез. Според пишувањата на шпанскиот печат, со новиот договор со Адидас Реал ќе инкасира по 120 милиони евра по сезона, што е за…

Read More
NBA

Кошаркарите на Милвоки успеаја да се пласираат во финалето на Источната конференција по победата од 4:1 во серијата против Бостон. До одлучувачката победа, Бакс стигнаа синоќа на домашен терен, откако со 116-91 славеа во петтиот дуел со Бостон и со тоа го елиминираа од натамошните натпревари. Интересно е што овој еден пораз од Бостон беше и единствениот за нив во плеј-офот откако во првата рунда со 4:0 го преслушаа Детроит. Избраниците на Мајк Буденхолцер стигнаа до огромна предност уште по првите 24 минути, кога стана јасно дека ќе одат на победа за пласман во конференциското финале. Селтикс во продолжението се…

Read More