Големиот херој за Тотенхем против Ајакс, Лукас Моура, тешко наоѓаше зборови од радост по фамозниот пресврт од 0:2 до 3:2 во Амстердам, со кој Спарс за првпат во својата историја се пласираа во финалето на Лигата на шампионите.
„Моите емоции се наверојатни, но токму сега е невозможно да се опише како се чувствувам”, изјави Бразилецот по натпреварот.
„Се гордеам со моите соиграчи, многу сум среќен од фактот што веќе сме во финалето. Тоа беше еден луд натпревар. Ова што го постигнавме, е голем дар од Господ и јас сакам да го споделам со целото семејство на Тотенхем – соиграчите, како и фановите“, дополнил Моура.