По новиот дебакл и елиминацијата во Лигата на шампионите, тренерот на Барселона, Ернесто Валверде повторно е под притисок за отказ. Според весникот „АС“, раководството на клубот повторно ќе расправа дали да му даде шанса и следната сезона, или ќе му се заблагодари за услугите ова лето. Претседателот на клубот, Хозе Марија Бартомеу, даде јасен знак дека ова понижување не е по негов вкус и ќе има сериозна дискусија меѓу првите луѓе на клубот за тоа што да се прави со тренерот. Веројатно неговата иднина ќе биде решена по финалето на шпанскиот куп. „Претпоставувам дека има доста објаснувања зошто ова се…
Author: saso
Екипата на Наполи влегува во битка со Барселона за потписот на мексиканскиот репрезентативец од екипат ана ПСВ, Ирвинг Лозано. Весникот „Кориере дело Спорт“ тврди дека изминатиот викенд преставници на Наполи наводно веќе договориле трансфер вреден 40 милиони евра, но други извори велат дека двете страни се уште не си подале рака, затоа што за Лозано интерес има и од Барселона, која исто така има најавено преговори. Мексиканецот е надвор од тимот на ПСВ поради повредата на коленото. Оваа повреда исто така може да биде проблем, доколку не успее да ги мине медицинските прегледи.
Жозе Мурињо како коментатор на вчерашниот дуел меѓу Ливерпул и Барселона, изјави дека тешко ќе најде зборови да објасни она што се случи на „Енфилд“. Ливерпул направи незамислив пресврт против еден од светските фудбалски гиганти. „Четвртиот гол е сам по себе неверојатен. Таков гол не ако видите на натпревар на деца под 14 или 15 години, би си рекле дека тие не го разбираат фудбалот и треба да учат како се игра оваа игра. Зборуваме за најдобрите играчи во светот, и кога ќе примите таков гол, тоа покажува каква е вашата состојба на теренот“, вели Спацијалниот. „Барселона ги има некои…
Торонто и Денвер дојдоа на победа до пласман во конференциските финалиња, откако синоќа славеа убедливо на домашен терен во петтиот меч од серијата. Денвер на свој терен го совлада Портланд со 124:98, додека Торонто славеше дома против екипата на Филаделфија со 125:89. Никола Јокиќ го предводеше Денвер до победа со „дабл-дабл“ учинок од 25 поени и 19 скокови, додаде и шест асистенции, а Пол Милисап запиша 24 поени. Кај Портланд Демијан Лилард беше најефикасен со 22 поени, додека најблиску до него беше Родни Худ со 14 поени. Торонто на сличен начин стигна до победа против Филаделфија обезбедувајќи предност од 3:2…
Напаѓачот на Барселона, Луис Суарез сериозно ја сфати елиминацијата на неговиот тим во Лигата на шампионите. “Ние, фудбалерите сме на теренот, а не тренерот. Ернесто Валверде го пушти истиот состав од првата средба, но не игравме како тим. Треба да побараме прошка од навивачите”, изјави Уругваецот.
Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде, беше исклучително разочаран по вчерашниот тежок пораз од Ливерпул и елиминацијата во полуфиналето од Лигата на шампионите. „Најмногу боли тоа што се повтори кошмарот од Рим со Рома. Втора година по ред да загубиш на ист начит е тешко да се живее со таков шамар. Сите очекуваат постојано да победуваме. Кога ќе загубиме, секогаш е многу болно. Досега не губевме во Лигата на Шампионите, но работите се такви“, рече Валверде по мечот.
МОК, МКФ, клубовите Работнички и МЗТ Скопје, како и Агенцијата за млади и спорт, на едно место ќе ги соберат кошаркарските легенди од „екс-ју“ на едно место, во чест на 80-тиот роденден на легендата на македонската кошарка, Лазар Лечиќ. Како специјални гости на настанот ќе бидат Иво Данеу, Никола Плеќаш, Ратко Тврдиќ, Дамир Шолман, Немања Ѓуриќ, Драган Кичановиќ, Жељко Јерков, Дино Раѓа и други, како и тренерите Мирко Новосел, Душан Дуда Ивковиќ, Божидар Маљковиќ, Братислав Ѓорѓевиќ, Боша Тањевиќ, а исто така најавено е и присуство на Панајотис Јанакис, човекот со кого Лечиќ соработуваше во редовите на грчки Арис. Настанот го…
Ракометарите на Вардар утре ќе го дознаат противникот за полуфиналниот меч од Ф4 турнирот во Келн. Третото учество во низа на Ф4 во Лигата на шампионите „вардарци“ го потврдија синоќа во Сегедин, откако во четвртфиналето го елиминираа Пик Сегед. Ждрепката за полуфиналните двојки е закажана утре во 11 часот. „Црвено-црните“ момци се во друштво на Барселона, Веспрем на македонскиот репрезентативец Дејан Манасков и Киелце, а со оглед на тоа дека сите противници во ждрепката се во еден сад, секој од нив е и потенцијален противник на Вардар. Интересно е што сите четири екипи се дел од групата „А“, па Вардар…
Игор Карачиќ со своите осум гола на поразот на Вардар кај ПИК Сегед, успеа да се избори за место во „идеалните 7“ на оваа рунда од Лигата на шампионите. Покрај него во тимот на колото се најдоа и: Лево крило – Хампус Ване (Флензбург) Лев бек – Ласе Андерсон (Барселона) Среден бек – Игор Карачиќ (Вардар) Десен бек – Недим Ремили (ПСЖ) Десно крило – Драган Гајиќ (Веспрем) Кружен напаѓач – Бенце Банхиди (ПИК Сегед) Голман – Гонзало Перез де Варгас (Барселона)
Фудбалерот од Монако и црногорски репрезентативец, Стеван Јоветиќ, го оперираше коленото и подолго време ќе биде надвор од терените. 29-годишниот напаѓач нема да биде достапен за неговиот клуб на стартот на новата сезона, а нема да игра ниту за националниот тим на претстојните квалификации за Европското првенство во 2020 година. Црногорецот се соочува со пауза од околу осум месеци и се очекува да се врати на теренот дури следната година.
