Фудбалерот од Монако и црногорски репрезентативец, Стеван Јоветиќ, го оперираше коленото и подолго време ќе биде надвор од терените. 29-годишниот напаѓач нема да биде достапен за неговиот клуб на стартот на новата сезона, а нема да игра ниту за националниот тим на претстојните квалификации за Европското првенство во 2020 година.
Црногорецот се соочува со пауза од околу осум месеци и се очекува да се врати на теренот дури следната година.