Словенецот Анже Ратајец е новиот организатор на играта на Еурофарм Работник. Средниот бек, кој кариерата ја градел во Тримо Требње, Горење и австриски Ферлах, од следната сезона се сели во Битола. 28-годишниот бек сам го најави своето доаѓање во редовите на „фармацевтите“. „Трансферот во Еурофарм Работник се реализираше по препорака на пријател. Разговарав и со стартегот Стевче Алушевски и тој ми го претстави проектот. Сфатив дека сериозно би се сметало на мене во клубот, а можноста да играм во Лигата на шампионите е добра шанса за мене, која одлучив да ја искористам“, изјави Ратајец за порталот СД Шпорт.
Author: saso
Реал Мадрид оствариl разговори со играчот од средниот ред на Тотенхем, Кристијан Ериксен, а фудбалерот наводно ги прифатил личните услови од понудениот договор.Според шпанскиот весник „Ас“, двете страни се согласиле за условите на договорот, според кој платата на Данецот ќе се зголеми значително во споредба со сегашната. Сега „Кралскиот клуб“ ќе разговара за можниот трансфер со менаџментот на Тотенхем.Претходно беше објавено дека во лондонскиот клуб се уверени во продолжувањето на договорот со 27-годишниот играч од средниот ред.
Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери, призна дека ќе имаAT многу тежок натпревар дома против Валенсија во полуфиналето на Лигата на Европа во четврток. “Тие се добар тим со многу силни играчи, тоа ќе биде крајно тежок меч за нас, но нашите амбиции на овој турнир се многу големи. Ова може да биде позитивно за нас, но може да биде и негативно. Мора да го покажеме најдоброто што го можеме, мораме да се подготвиме на најдобар можен начин, мора да се справиме позитивно“, вели Емери. Шпанскиот специјалист е поранешен тренер на Валенсија кој го предводеше овој тим во периодот 2008-2012 година.
Винс Картер ќе испише уште една страница во историјата на НБА лигата, откако најави дека и следната сезона ќе биде активен на терените. Вистинската кошаркарска легенда објави дека засега нема намера да ја завршува кариерата, планира идната сезона по рекорден 22-ри пат да биде во НБА. Картер веќе има 42 години и следната сезона ќе влезе и во 43 година од животот. Картер беше избран на драфтот во 1998 година заедно со Дирк Новицки, кој овој месец по 21 сезона во НБА ја заврши кариерата.
Голманот на Порто, Икер Касиљас доживеал срцев удар на тренинг! На 37-годишниот чувар на мрежата му се слошило на тренинг, по што бил итно пренесен во болница, каде е направена интервенција. Тој се пожалил дека не се чувствува добро, а правовремената реакција на клупските доктори, по која веднаш бил хоспитализиран му го спасиле животот. Касиљас се чувствува добро, а од клубот истакнаа дека проблемот со срцето е решен.
Не е тајна дека раководството на Рома ќе се обиде да привлече Антонио Конте за тренер на тимот, но прашање е дали двете страни ќе најдат заеднички јазик при преговорите. Според информациите, Римјанитему понудиле годишна плата во износ од 9,5 милиони евра, што е помалку од она што тој го добиваше во Јувентус и Челзи. Денеска Конте налетал на италијански новинари, кои веднаш го прашале за понудата на „волчицата“. Конте кусо изјавил: “Ќе видиме, ќе видиме”.
Kрилото на Челзи, Педро Родригез, за претстојниот натпревар против „црвените ѓаволи“ в недела вели дека е меч – финале. „Сините” моментално ја заземаат четвртата позиција во табелата на Премиер лигата со 67 бода, три пред Манчестер Јунајтед. Арсенал е меѓу нив со 66 бода, што значи дека ниту една од двете екипи не смее да си дозволипораз ако сака следната година да игра во ЛШ. „Ова е финале за нас”, изјави Педро за Sky Sports. “Важно е да се заврши во ТОП 4. Ни требаат бодовите во Манчестер, но знаеме дека ќе биде тешко. Тие имаат многу добри играчи и многу добар тим.…
Ако Миралем Пјаниќ реши да си замине од Торино, Јувентус има замена за него. Италијанските медиуми објавија дека на местото на Босанецот кој е трансфер мета на Реал (М) во Јувентус ќе се пресели Хрватот Иван Ракитиќ. Италијанскиот шампион сака да го ангажира фудбалерот на Барселона, кој е подготвен за нов предизвик. Јувентус за Хрватот ќе понуди 50 милиони евра. Раќитиќ со Барселона има договор до летото 2021 година, па останува отворено дали Барселона е подготвена да се раздели со него уште ова лето.
Селекторот на женската сениорска кошаркарска репрезентација, Марјан Лазовски, денеска излезе со списокот на кошаркарки на чии услуги ќе смета на претстојниот пријателски двомеч против соодветната репрезентација на Србија. На спосокот на Лазовски се најдоа 23 кошаркарки, кои треба да се појават на првиот тренинг во СЦ Јане Сандански, на 2 мај во четврток со почеток во 20:00 часот. Натпреварите против Србија ќе се одиграат на 9 и на 10 мај. СПИСОК НА ПОВИКАНИ КОШАРКАРКИ Анџелика Митрашиновиќ Ивона Пејковска Александра Стојановска Нена Трајчевска Јелена Антиќ Илина Селцова Софија Лазареска Наталија Секуловска Ивана Кметовска Матеа Николиќ Ванеса Василевска Ивона Кожобашиовска Драгана Јоловиќ…
Подготвувајќи го новиот тим за следната сезона, управата на Манчестер Јунајтед има намера да се обиде да го купи дефанзивецот на Наполи, Калид Кулибали. Италијанската државна телевизија објави дека „црвените ѓаволи“ се сериозни во намерите да преговараат со Наполи за играчот, па дури се подготвени и да извадат над 100 милиони евра за него. Оваа сезона Кулибали на 44 натпревари успеа да реализира и 2 гола и 2 асистенции за својот тим. Наполи најави дека за него ќе бара многу пари, а сумата која се споменува како можност за негова слобода е 130 милиони евра.
