Шест фудбалери на Манчестер Сити, голманот Едерсон, Ајмерик Лапорт, Бернардо Силва, Фернандињо, Серхио Агуеро и Рахим Стерлинг, се најдоа во идеалниот тим на сезоната во англиската Премиер лига, во изборот на Асоцијацијата на професионални фудбалери. Заедно со нив, во „Идеалните 11“ се најдоа и четворица фудбалери на Ливерпул и тоа: Ендрју Робертсон, Трент-Александер Арнолд, Вирџил ван Дајк и Садио Мане. Единствениот кој не е од овие два тима во тимот на сезона е играчот за врска на Манчестер Ј., Пол Погба.
Author: saso
По вчерашната победа на Манчестер Сити во градското дерби со Јунајтед, „граѓаните“ се вратија на првото место на табелата со бод предност пред Ливерпул. Трката за титулата во Англија продолжува и во преостанатите три кола. Една грешка некого може да гочини трофеј. Еве како изгледаат двојките за преостанатите мечеви кои тимовите кои се борат за титулата ќе ги одиграат до крајот на сеозната: Манчестер Сити Барнли – Манчестер Сити Манчестер Сити – Лестер Брајтон – Манчестер Сити Ливерпул Ливерпул – Хадерсфилд Њукасл – Ливерпул Ливерпул – Волвс
Ракометарите на Вардар вечерва во СЦ „Јане Сандански“ го пречекуваат унгарски Пик Сегед на првиот четврфинален меч од Лигата на шампионите. За “вардарци“ мечот дојде во момент кога се решава судбината на клубот, но ракометарите и стручниот штаб велат дека тоа нема да ги поремети во желбите да одиграат уште еден Ф4 турнир. Тренерот Гарсија Парондо има голем предизвик пред себе, со оглед на тоа што на спротивната страна ќе го има својот поранешен тренер Хуан Карлос Пастор кој одлично го познава. „Ни недостигаат дел од играчите. Не можеме да го имаме комплетниот ростер на теренот. Сигурно дека ова ќе…
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер, по вчерашниот меч со екипата на Манчестер Сити и поразот од 2:0 изјави дека неговиот тим реално загуби од подобар противник. „Реагиравме на поразот кај Евертон, но овој пат загубивме од тим кој беше подобар од нас. Ја видов реакцијата. Момците се обидоа, но тоа не беше доволно. Постои разлика во класа. Затоа, противникот е на врвот на табелата, и ние сме каде сме. Живеејќи во Манчестер не можеме да бидеме среќни за тоа. Ова лето ќе имаме голема работа да ја намалиме таа празнина меѓу нас и градскиот ривал“, изјави Солскјер.
Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд го коментираше поразот од Манчестер Сити синоќа, истакнувајќи дека навивачите на Јунајтед треба да бидат свесни дека битката за ТОП 4 е загубена. „Ние не играме како Манчестер Јунајтед. Да работиме и да дадеме 100% од себе е минимум од она што треба да го направиме. Знаеме што е нашиот проблем. Поентата е психологијата и подготвеноста да се борите за вашиот тим. Сега треба да заборавиме на ТОП 4 и борбата за Лигата на шампионите. Мораме да почнеме да играме како Манчестер Јунајтед, за наше добро“, изјавил Рашфорд.
Кошаркарите на ЛА Клиперс направија вистинско изненадување синоќа победувајќи го шампионот Голден Стејт на гостински терен со 129:121 и со тоа намалувајќи на 3:2 во серијата „подобар до 4“ во првата рунда од плеј-офот. И покрај 45-те поенина Кевин Дјурант, „воините“ не успеаја да ја искористат предноста на домашниот терен. Кај ЛА Клиперс Лу Вилијамс постигна 33 поени со 10 асистенции, додека патрик беверли со 17 поени и 14 скока бее вториот со дабл-дабл ефект. Одличен беше и Данило Галинари со 26 поени. Во вториот меч синоќа Хјустон славеше дома над Јута со 100:93 и со 4:1 во серијата веќе…
Шампинот Шкендија доживеа вистинска бламажа и загуби на гостувањето кај Беласица во Струмица со 2:1 во денешниот меч од 30. коло во ПМФЛ. Гостите на мечот се појавија со вториот тим, и практично му ги подарија трите бода на струмичкиот состав кој се бори за опстанок. Победа пак со пресврт славеше во Скопје над екипата на Работнички со 2:1. Во Тетово Ренова обезбеди минимална победа над Силекс од 1:0, додека Вардар имаше одличен настап на гостувањето во Ѓорче Петриов и обезбеди победа од 2:0 над екипата на Македонија, а во последниот меч Шкупи пред своја публика со 1:0 беше подобар…
Црногорскиот претставник во регионалното АБА натпреварување, екипата на Будуќност, ден по поразот во белград во мајсторката со Црвена Звезда се огласи со сооштение во кое вели дека челниците на регионалната лига се виновни што воопшто се одиграл последниот финален натпревар, во ситуација кога требало да се испразни салата или да се одложи мечот за еден ден. Според подгоричани, услови за игра во салата Александар Николиќ немало, а директни воновници за тоа биле директорот на лигата, Крешимир Новосел и спортскиот директор на лигата, Жарко Чабаркапа. Според КК Будуќност, АБА лигата по завршувањето на мајсторката во Белград едноставно не постои.
Менаџерот на Манчестер Ј., Оле Гунар Солскјер, изрази уверување дека тој и понатаму останува најдобрата опција за преднодник на „црвените ѓаволи“. Поразот од Евертон со 4:0 донесе многу критики за играчите, раководството и менаџерот. „Уверен сум во мојата позиција. Подготвен сум за овој предизвик. Знам дека задачата ќе биде тешка, но затоа ја прифатив“, вели Норвежанецот во интервју. „Не сакам да губам, но тоа е голем предизвик. Кога резултатите се лоши треба да имаме самодоверба да излеземе и да кажеме дека тоа е патот по кој ќе одиме. Размислуваме за иднината“, дополни тој.
Напаѓачот на Интер, Мауро Икарди, има голема веројатност да ја продолжи својата кариера во Франција. Според весникот „Ла Газета Дело Спорт“, Аргентинецот е главната трансфер цел на ПСЖ. Парижани бараат замена за Едисон Кавани, а Интер е подготвен да учествува во евентуален договор за продажба кој вреди 70 милиони евра. Мауро Икарди исто така е интересен и за Атлетико Мадрид. Иако Аргентинецот се врати во тимот по конфликтот со клубот, неговиот однос со неговите соиграчи не е добар.
