Реал Мадрид сигурно ќе се ослободи од Гарет Бејл на крајот на сезоната, па дури и по цена ако мора да го прати на позајмица, тврдат извори блиски доклубот. Идејата е природно да се продаде велшкиот интернационалец, но во оваа фаза нема понуди за него, и не е сигурно дека клубот ќе добие некоја понуда според цената која ја бара за него. Слабата форма на играчот во текот на сезоната конечно ги натера шефовите да одлучат дека деновите на “Бернабеу” за него се завршени, а неговата висока плата, сега преставува сериозен проблем и за негова продажба. Затоа идејата за познајмување…
Author: saso
Откако стигнаа и последните номинации за Ол-Стар тимот во ракометната Лига на шампиони се формираа листите од кои со гласање ќе се избере идеалниот тим на сезоната во најквалитетното европско клупско натпреварување. За секоја позиција во комбинација се по тројца ракометари. На списокот на номинации се и тројца играчи на Вардар. Како што е познато од тренерите во тимот беа вклучени голманот Дејан Милосављев и десниот бек Даинис Кристопанс, додека дописниците на ЕХФ му дадоа место во тимот на Тимур Дибиров. За играчите ќе се гласа по што ќе бидат познати најдобрите на секоја од седумте позиции, а ќе бидат…
И искусниот напаѓач на ПСЖ, Едисон Кавани е сигурен дека и следната сезона ќе го носи дресот на францускиот првак. Тој вчера изјави дека сака да го исполни својот договор со клубот кој истекува летото 2020 година. Уругваецот се врати на терените за првпат по 6 март по проблемите со повредите. „Имам договор тука, што би посакал друго? Ми останува уште една година и сметам да си ги завршам обврските. Добро сум, мирен сум и задоволен од тимот, навивачите, градот … Сепак во фудбалот нема сигурни работи”, изјавил Кавани.
Германскиот шампион Баерн Минхен речиси сигурно ќе доведе нов напаѓач во текот на летото, а тоа ги засилува гласините околу неговото име. Во прв ред, германските весници велат дека баварците се загреани за голгетерот на Лајпциг, Тимо Вернер, но од вчера почна да се шпекулира и со името на белгискиот репрезентативец од Манчестер Ј., Ромелу Лукаку. Фудбалскиот агент Федерико Пасторело го понудил својот клиент во неколку клубови, вклучувајќи го и Баерн. Оваа сезона белгискиот играч има 12 гола во Премиер лигата и не е задоволен од начинот на кој се развива неговата кариера. 25-годишниот Лукаку си го врати местото во…
Ѕвездата на францускиот шампион ПСЖ, Килиан Мбапе, се отвори пред француските медиуми и зборуваше за неговата позиција во дресот на францускиот шампион следната сезона. “Останувам во Париз”, изјави младиот голгетер по вчерашната прослава на шампионската титула. „Среќен сум што Зидан се враќа во Реал, ќе ги гледам и нувните натпревари како навивач, но засега јас останувам тука“, потврдил Мбапе. Не е тајна дека 20-годишниот напаѓач е трансфер цел бр. 1 на Реал Мадрид. По враќањето на Зинедин Зидан на чело на кралевите, гласините за евентуален трансфер дополнително се зголемија, но најверојатното сценарио за доаѓањето на Мбапе во Мадрид ќе се…
Во четвртиот натпревар од четвртфиналната серија во НБА плеј-офот, кошаркарите на Оклахома на домашен терен загубија од тимот на Портланд со 98: 111 и со тоа им овозможија на противниците да дојдат на победа до пласманот во следната рунда. Гостите беа подобри во сите четири четвртини и на крајот ја обезбедија третата победа во четвртиот дуел од плеј-офот. Најпродуктивен играч на средбата беше Пол Џорџ, кој имаше дабл-дабл учинок од 32 поени и 10 скока, додека на спротивната страна беше феноменалниот Џеј Џеј МекКалум, кој постигна 27 поени. 24 поени останаа зад името на Демиен Лилард. Портланд поведе во серијата…
Фудбалската федерација на Македонија, денеска пред спортските новинари имаше презентација на новите фудбалски правила и начинот на кој судиите кои ќе донесуваат одлуки на фудбалските средби од 1 јуни 2019 година. Судиската организација на ФФМ одржа предавање на кое ги запозна новинарите со промените кои стапуваат во сила со почетокот на новата сезона.
Извршниот комитет на СЕХА Гаспром лигата одлучи во сезоната 2019/2020 дел од регионалното натпреварување да биде и кинескиот тим Пекинг Спорт Јуниверзити. Едно од планираните 12. места во 9. сезона на лигата ќе биде токму за кинескиот ракометен состав. „Деветтата сезона на СЕХА Гаспром лига ќе донесе многу новини, а една од нив ќе биде учеството на кинескиот тим Пекинг Спорт Јуниверзити. Влезот на кинескиот тим ќе ја одбележи новата ракометна ера во регионот и во СЕХА Гаспром лигата. Наша цел е да го развиеме регионалниот ракомет и да донесеме нешто ново, револуционерно во регионот. На овој начин ги прошируваме…
Управниот Одбор при Македонската кошаркарска федерација на седницата одржана вчера во просториите на МКФ го одреди и датумот за одржување на изборно собрание на 15 мај 2019 година. Секој член на собранието може да поддржи со кандидатура повеќе кандидати, но при гласање има право да гласа само за еден кандидат. Докумените за собранието да се испратат до сите членки најдоцна до 30 април 2019 година.
Менаџерот на Тотенхем, Маурисио Почетино, се надева дека ќе успее да собере сума од 150 милиони фунти за купување нови играчи ова лето. Тимот најверојатно ќе ги продаде Киран Трипиер и Дани Роуз во текот на летото, за да може да собере дополнителни средства во буџетот за трансфери, кој во моментов не надминува 60 милиони фунти. Идејата на Почетино е да го засили тимот, за да може следната сезона да се тргне во лов на трофеи и поголеми цели, особено титулата во Премиер лигата. Меѓу фудбалерите кои летово веројатно ќе го напуштат Лондон се и Кристијан Ериксен кој е пред…
