Author: saso

Американската фудбалска МЛС лига планира да го зголеми бројот на клубови од 24 на 30. Сега во лигата учествуваат 24 екипи, но се претпоставува дека веќе траат преговори за проширување на истата во кој ќе бидат додадени уште шест нови состави. Во 2020 година, МЛС ќе биде дополнет со Интер Мајами, клуб кој е во сопственост на легендарниот англиски фудбалер Дејвид Бекам, а исто така пред влез во лигата се и составите на Нешвил и Остин, но тие ќе се приклучат најрано во 2021 година. Апликации за учество во МЛС лигата имаат испратено и Сент Луис и Сакраменто. МЛС е…

Read More

Играчот од средниот ред на Арсенал, Арон Рамзи, се повреди на вчерашниот меч до ЛЕ против Наполи и најверојатно ја заврши сезоната. „Ова е мускулна повреда. Ако ништо друго, тогаш ќе пропушти неколку недели. Но, ние имаме други играчи, можеме да направиме ротација. Дали го одигра последниот натпревар за Арсенал сезонава, не знам“, вели менаџерот на Арсенал, Емери. Договорот на Рамзи со „топџиите“ истекува на крајот од сезоната, по што фудбалерот ќе се пресели во Јувентус како слободен агент.

Read More

Фудбалерот од средниот ред на екипата на Јувентус, Сами Кедира ќе го пропушти остатокот од сезоната. Тој ќе мора да оди на операција на коленото. „По четири месеци пролонгирана болка во моето колено, решив да се подложам на операција за да се опоравам целосно. Операцијата ќе биде направена за две недели. Моја цел е да бидам целосно подготвен за следната сезона”, напишал Кедира на социјалните мрежи. Претходно, играчот од средниот ред имаше операција на срцето, поради што пропушти околу еден месец. Поради разни повреди, Кедира во тековната сезона одигра само 17 натпревари, во кои постигна два гола.

Read More

Менаџерот на Арсенал, Унаи Емери беше исклучително задоволен од победата на гостувањето кај Наполи од 1:0 и пласманот на неговиот тим во 1/2-финалето во Лигата на Европа. „Многу сум горд на моите играчи и од начинот на кој ги одиграа и двата меча со Наполи. Мислам дека покажавме дека имаме потенцијал да се натпреваруваме со најдобрите тимови”, вели Емери на прес-конференцијата по мечот. „Имаше многу позитивни работи во нашето претставување, ако треба да бидам искрен. Дојдовме на многу непријатен стадион, но бевме совршени“, додаде.

Read More

Српскиот напаѓач Лука Јовиќ од денеска и официјално е фудбалер на Ајнтрахт Франкфурт. Како што и се очекуваше германскиот клуб ја активираше опцијата и го откупи српскиот напаѓач. Јовиќ во Ајнтрахт играше како позајмен фудбалер од Бенфика уште од 2017, a во договорот имаше опција Германците и комплетно да го откупат. Сумата на откупот е шест милиони евра, колку што беше наведената во договорот со Бенфика. Иако го откупи договорот, Ајнтрахт има голема веројатност да го продаде Јовиќ уште ова лето.

Read More

Кошаркарите на МЗТ Скопје остварија победа на гостувањето кај Задар во првиот меч од разигрувањето за пласман во АБА лигата следната сезона. Составот од Аеродром славеше над Задар со 89:83 во меч во кој едно време имаше предност од скоро 30 поени, но во последната четвртина едвај успеа да ги одбрани. Добрата игра од првото полувреме треба да се повтори на домашен терен, на мечот закажан за 23 овој месец кога може да биде потврдено враќањето во елитата. Бојиќ со 24 поени и Вудард со 22 поени беа најефикасни кај МЗТ Скопје, додека кај Задар Божиќ постигна 19 поени.

Read More

Иницијативен одбор составен од клубови во првата и Втората македонска фудбалска лига, фудбалери, поранешни репрезентативци, судии, тренери и фудбалски работници, денеска на прес-конференција побараа од државните институции и ФФМ да го усогласи Статутот на Федерацијата со законот за спорт и да им овозможи на клубовите со свои преставници да учествуваат во работата на Собранието на ФФМ. На иницијативата се потпишани повеќе клубови од првата и двете втори лиги, кои бараат во најитен рок ФФМ да го промени статутот и Собранието на федерацијата да го сочинуваат 51% од преставниците на клубовите, кои во иднина ќе одлучуваат за фудбалот во нашава земја.

Read More

Агентите на Филип Кутињо денеска треба да пристигнат во Каталонија на специјален состанок со претставниците на Барселона за иднината на играчот. Локалните весници објавија дека фудбалерот не се чувствува удобно на „Камп Ноу“ и размислува за нов предизвик. Во тој поглед, неговите менаџери Киа Јарабчијан и Џулијано Бертолучи ќе се сретнат со лидерите во каталонскиот клуб. Медиумите предвидуваат дека Кутињо нема да биде стартер на утрешниот меч со манчестер Ј, а на негово место ќе почне Демебеле.

Read More

Со вчерашната победа од 2:0 над екипата на Челзи, Ливерпул успеа да го израмни рекордот по бројот на остварени победи во една сезона, 26. „Црвените“ во сезоната 2013/14 исто така успеаја да завршат со 26 победи, но овој пат, момците на Клоп имаат уште 4 меча за доигрување и голема шанса да постигнат нов рекорд. Во историјата на англиската елита, Ливерпул само еднаш имал повеќе победи од оваа сезона. Тоа се случило во сезоната 1979/80 кога момците од мерсисајд завршија со 30 реализирани триумфи.

Read More

Голманот на Баерн (М), Мануел Ноер, ќе мора да ги пропушти натпреварите на својот тим во следните две недели, поради повреда заработена на мечот со Фортуна Дизелдорф овој викенд. Според информациите од клубот, голманот најверојатно ќе пропушти најмалку две од петте преостанати средби до крајот на сезоната, оние со Вердер Бремен и Нирнберг. Исто така, повреден е и дефанзивецот Матс Хумелс, кој ќе биде привремено ослободен од тренинзите, но засега не се знае каква е сериозноста на повредата и колку тој ќе паузира. Баварците се вратија на првото место на табелата со 67 бода, но и натаму водат битка за…

Read More